09 Октомври, 2024
0.0262

НЕМА ДА ЗАПРАТ: Хутите кажаа до кога ќе ги гаѓаат израелските бродови

Објавено во: Свет 15 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Хутите велат дека ќе продолжат да ги гаѓаат израелските бродови додека не престане агресијата во Газа. 

Портпаролот на Хутите, Мухамед Абдулсалам рече дека ставот на јеменската бунтовничка група за војната во Газа не е променет по американско-британските напади врз Јемен.

„Нападите врз израелските бродови и бродовите кои одат кон пристаништата на окупирана Палестина ќе продолжат“, изјави Абдулсалам за британски медиуми.

По неговата изјава Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО) издаде предупредување за напад во близина на брегот на Јемен.

Пентагон подоцна потврди дека се работи за товарен брод, во сопственост на САД.

„Противбродска балистичка ракета истрелана од јеменските проирански Хути милитанти погоди транспортен брод во американска сопственост што пловел под знамето на Маршалските Острови“, објави Пентагон на социјалната мрежа Х, порано Твитер.

Во соопштението се наведува дека при нападот од бродот не се пријавени повредени или значителна штета и бродот го продолжил патувањето.

Најмалку шест танкери со нафта скршнаа од курсот или застанаа пред да влезат во јужниот дел на Црвеното Море од викендот, со што бројот на прекини во снабдувањето се искачи на најмалку 15 од почетокот на нападите на јеменските Хути минатата недела. 

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист