Нема договор за грчкиот долг
Објавено во: Балкан 16 Февруари, 2015 21:05
Состанокот на министрите за финансии на еврозоната е завршен во Брисел без договор за новиот режим на отплата на грчкиот долг.
На Грците им е пратена порака дека мора да побараат досегашниот аранжман со кредиторите да продолжи, пренесува Танјуг.
Подготвени сме повторно да разговараме со Грците кога и ако побараат постоечкиот програм да продолжи“, рекол пред новинарите во Брисел потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис.
Постоечкиот аранжман, кој истекува кон крајот на месецот , вклучува драстични мерки на штедење во замена за пакет на финансиска помош од ЕУ и ММФ.
Новата грчка влада на чело со Алексис Ципрас, претходно најави дека сака да го напушти тој програм и да преговара за нов аранжман за отплата на грчкиот јавен долг кој е еден од најголемите во светот.
Вонредниот министерски состанок на иста тема, кој беше одржан минатата недела, исто така е завршен без договор.
Грција барала наместо досегашниот пакет на мерки да и се додели привремена финансиска помош како би можела да ги сервисира долговите околу летото, а во меѓувреме да пронајдат трајно решение за новиот режим на отплата.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




