Нема гас, ќе доцнат автобусите на ЈСП
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2025 10:33
Од ЈСП Скопје ги информираат корисници на јавниот превоз во градот Скопје, дека согласно добиената информација од НОМАГАС АД Скопје, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до 17.10.2025 година, можни се отстапувања од возниот ред.
Од градското претпријатие информираат дека без гориво ќе останат автобусите кои возат на гас во наредните денови.
„Корисниците на јавниот превоз се предупредуваат да бидат подготвени за доцнења и променливи возни редови“, велат од „ЈСП Скопје“.
- Доколку бидеме информирани за евентуални промени околу времетраење на прекинот, навремено ќе бидете известени, се наведува во известувањето од ЈСП.
Претходно и од ЕСМ Производство на топлина информираа дека скопјани првите неколку дена од грејната сезона ќе имаат редуцирано парано греење,поради технички подесувања на системот за гас.Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




