05 Декември, 2025
0.0371

Нема лабаво со банкарите, не се очекуваат полесни услови за земање кредит!

Објавено во: Финансии 20 Февруари, 2013 09:00

Добивај вести на Viber

Во првите три месеци од годинава банкарите од водечките банкарски групации во земјава не очекуваат промена на кредитните услови во однос на последниот квартал од 2012 та година, кога условите беа значајно заострени, со што практично и првиот кавртал од оваа година одобрувањето на кредитите ќе биде под силен филтер на банкарските процедури. Како сигнал што навестува оптимизам, според најновата Анкета за кредитната активност, што ја објави Народната Банка, се очекувањата за зголемување на побараувачката на кредити и од страна на населението и од страна на прватниот сектор. “Во однос на побарувачката, големите банки очекуваат зголемување на нето-побарувачката за кредити од страна на претпријатијата, и тоа со ист интензитет како и очекувањата во претходната анкета. Кај населението, големите банки исто така очекуваат нето-зголемување на побарувачката за сите видови кредити, при поголем раст на побарувачката за потрошувачки кредити“ - пишува во најновата анкета на НБРМ. ФАКТОР РИЗИК Ризикот и очекувањата за движењата во вкупната економија , според банкарите и натаму остануваат клучните фактор што делумно влијаат врз условите за кредитирање. Еве од кои фактори го условуваат заострувањето на условите за кредитирање:
 - очекувања за вкупната економска активност
- очекувања за перспективата на идустриската гранка на која и припаѓа фирмата што бара кредит
- ризик од неизвршување на обезбедувањето.
  Иако Централната Банка ја намали основната камата на благајничките записи и во текот на 2012 та и интервенираше преку задолжителната резерва со цел да ја олабави монетарната политика, сепак банкарите од поголемите банки изјавиле дека сето ова имало незначително влијание врз каматите на новоодобрените кредити.
  • 84,8 % изјавиле дека монетарната политика имала незначително влијание врз каматите за новоодобрните кредити за населението
  • 15,3 % изјавиле дека монетарната политика не влијаела
ФАКТОР ЛОЈАЛНОСТ Во рамки на селективното и рестриктивно кредитирање, при одобрување на нови кредити пресудни фактори се лојалноста на клиентот кон банката и неговите месечни примања - покажува најновата анкета, Еве кои фактори се пресудни кога банките одборуваат кредити за клиентите:
-исклучително важен фактор – лојалност кон банката
-исклучително важен фактор – вредност на хипотека
-исклучително важен фактор – приходи на жиранти
-многу важен фактор- бонитет на клиент
-многу важен фактор- учество на депозит
-многу важен фактор – капитална моќ на клиентот.
 
Ланската година заврши со една од најниските стапки на кредитен раст од само 5,4 отсто. За годинава Народната банка очекува зголемена кредитна активност, односно зголемување на побарувачката на кредити од страна на домаќинствата и на компаниите како резултат на подобрување на вкупната економска состојба. Според проекциите на НБМ оваа година и во 2014 та кредитниот раст ќе се движи нешто над 7 проценти. “Растот на вкупните кредити за 2013 та е проектиран на 7,5 отсто, додека до крајот на 2014 та година се очекува дека кредитниот раст ќе забрза и ќе достигне 8,1 процент. Ризиците за проекцијата за кредитен раст и натаму се надолни. Очекувањата на банкарите за влошување на состојбата во реалниот сектор би предизвикало намалување на кредитната понуда од банките“ – пишува во најновиот извештај на Народната Банка. Неодамна првиот човек на банкарското здружение најави можно намалување на каматните стапки. Дел од банкарите објавија поевтинување на кредитите од 0,15 проценти до 1 отсто. Анета Додевска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“