Нема напредок во евроинтеграциите на Босна и Херцеговина
Објавено во: Балкан 22 Јули, 2013
„Босна и Херцеговина е единствената земја од регионот на Западен Балкан која не напредува на европскиот пат“, истакна високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон која што претседаваше со седница на Советот за надворешни работи на Европската унија.
Ешто изрази загриженост поради стагнирањето на оваа држава, пред се поради поради тоа што лидерите на земјата веќе три години не ја имплементирале одлуката на Судот за човекови права во Стразбур во случајот Сејдиќ-Финци. Ова за Советот значи дека БиХ ги крши меѓународните обврски и побара политичките лидери да се договорат за спроведување на пресудата под итна постапка.
Според изјавите, со спроведување на пресудата во случајот Сeјдиќ-Финци ќе се помогне отстранувањето на националната дискриминација од изборниот процес.
„Советот е загрижен поради можните последици до кои може да дојде на изборите во 2014 година и уште еднаш апелираме до БиХ тоа да го сфати како приритет за усогласување на Уставот со Европската конвенција за човекови права. Исто така, неопходно е да стапи во сили Договорот за стабилизација и асоцијација“, стои во заклучоците од седницата на Советот.