23 Ноември, 2024
0.0276

НЕМА НИКАКВА ПОТРЕБА ЗАШТЕДИТЕ ВО ДЕНАРИ ДА СЕ МЕНУВААТ ВО ЕВРА - НБМ гарантира, денарот е и ќе остане стабилен

Објавено во: Финансии 06 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Нема никаква потреба граѓаните што имаат штедни влогови во денари, нив да ги менуваат во евра, советуваат од Народна банка на Македонија. 

Оттаму уште еднаш цврсто гарантираат дека денарот е и ќе остане стабилен, и граѓаните по ова прашање можат да бидат целосно спокојни.

Поради интерес на одредени граѓани околу овие и други теми, Фактор ја праша централната банка дали во менувачниците и во банките во земјава граѓаните можат да купат доволно евра, дали некаде нема доволно и од кои причини доаѓа до застој во понудата? Како и дали граѓаните можат да бидат мирни дека евра ќе има доволно на пазарот?

Монетарните власти тврдат дека на пазарот има доволни количини евра, но дека некои од менувачниците не работат или работат со скратено време, заради мерките за заштита. 

„На менувачкиот пазар има соодветни количини на евра. Народната банка на дневна основа обезбедуба доволна ликвидност кај банките – кога кај нив има недостиг, таа им продава евра, а ако имаат вишок, откупува евра од нив. Кај менувачниците, во овој период, побарувачката е и помала од претходно, бидејќи согласно со мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, односно намалувањето на движењето и немањето патувања надвор од земјата, граѓаните немаат потреба од девизи на нивото коешто претходно било вообичаено. Исто така, некои од менувачниците не работат или работат со скратено работно време, заради мерките за заштита на здравјето воведени од Владата“, објаснуваат од Народната банка за Фактор.

Истовремено, потсетуваат оттаму, веќе посочиле дека граѓаните мора да бидат претпазливи при користењето на странската готовина, односно девизи, која, како што велат, може да е внесена од друга држава и заради тоа носи висок ризик од пренесување на заразата.

На нашето прашање дали НБРСМ интервенира на пазарот со продажба на девизи и дали девизните резерви на земјава се доволни и за вакви состојби, монетарните власти се децидни дека девизните резерви се на комфорно ниво.

„Да, во овој период интервенциите се во насока на нето–продажба на девизи, што не е невообичаено во вакви околности. Нивото на девизните резерви, и според најновиот расположив податок, изнесува над 3 милијарди евра. Потсетуваме дека изминатите две години, резервите бележеа значаен пораст, којшто кумулативно изнесуваше речиси милијарда евра, а 80 отсто од ова зголемување беше одраз на нашите интервенции на девизниот пазар, што покажува здрави фундаменти и способност на економијата да создава дополнителни девизни приливи. Воедно, на крајот на минатата година, нивото на резервите беше и над нашите очекувања. Ова го потенцираме бидејќи јасно упатува дека девизните резерви се на комфорно ниво“, потенцираат од централната банка. 

Додаваат дека гледано според показателите на адекватност, во моментов резервите покриваат околу четиримесечна покриеност на увозот на стоки и услуги, речиси се на нивото од краткорочниот долг со резидуално достасување, а како учество во БДП од минатата година изнесуваат 27 отсто.

„Според сите наши оцени, ова е ниво на девизни резерви коешто остава простор и за соодветна реакција со интервенции на девизниот пазар, но исто така е и гаранција за сите наши економски субјекти дека постои силен механизам за одржување на девизниот курс на стабилно ниво“, децидни се од НБРСМ.

Се интересиравме и дали во банките има барања од граѓаните денарските депозити да се конвертираат во евра, како и што им советува Народната банка на граѓаните, дали депозитите што ги имаат во денари да ги претвораат во евра или да ги остават така како што се.

Од НБМ ни одговрија дека согласно со последните расположливи податоци од февруари, на годишна основа денарските депозити растат побрзо од девизните депозити. 

„Условите за депозитите во денари, во банките се поповолни отколку за депозитите во странска валута. Поконкретно, банките нудат повисоки каматни стапки за денарските депозити, во услови на генерален пад на каматните стапки изминатите години, што е и потврда и за јакнењето на довербата во денарот. Во изминатиот период имаше засилена денаризација, а влијание за тоа имаа и мерките преземени од Народната банка за поттикнување пред сѐ на денарското штедење“, нагласуваат од НБМ.

Како аргумент плус дека не треба да се „чепкаат“ денарските штедни влогови, покрај пониската каматна стапка на девизните депозити, од НБМ го наведуваат и фактот што конверзијата повлекува и непотребни трансакциски трошоци.

„Како што веќе и имаме напоменато, прогласувањето на вонредна состојба не подразбира промени во процесот на банкарското работење. Депозитите и во вакви околности го имаат истиот статус како пред прогласувањето на вонредната состојба – тие се сигурни во банките. И во вонредна состојба, за депозитите важат и сите други договорни одредби, вклучително и оние за пресметување камата итн“, потенцираат од централната банка.

Од првата монетарна куќа во земјава уште еднаш нагласуваат, иако тоа досега го имаат потврдено во повеќе наврати - домашната валута е и ќе остане стабилна.

„Ние во повеќе наврати го потврдуваме тоа – гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен. Располагаме со низа инструменти со коишто гарантираме дека девизниот курс на домашната валута во однос на еврото ќе остане стабилен. Потсетуваме дека девизните резерви коишто се клучни за одржување на стабилноста на курсот на денарот се на високо ниво, и тоа двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година. Како што порачавме и пред неколку дена: Граѓаните треба да бидат спокојни. Стабилноста на курсот била, е и ќе остане наш приоритет. Ние гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен!“, децидни се од централната банка.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?