19 Декември, 2025
0.1186

Нема нови рестрикции, преполовен бројот на новозаболени

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2020 12:15

Добивај вести на Viber

Помал број новозаболени споредено со вчера е регистриран во последното деноноќие, дознава Фактор. Според извори од Комисијата за заразни болести денеска има двојно помолку регистрирани случаи позитивни на коронавирус во земјава. Сите случаи се од познати кластери и новозаразените биле со лесна клиничка слика, дел од нив и без симптоми. Вчера во земјава беа регистрирани нови 89 случаи, а според неофицијалните податоци денеска се околу четириесетина, а нема починати, освен жената од ГОБ 8 септември за која Фактор веќе извести, но која најверојатно не влегува во денешната статистика. Комисијата засега нема да предложи нови рестрикции.

Докторите со кои разговаравме велат дека ги охрабрува што се познати кластерите и тврдат дека ситуацијата е под контрола. Сепак останува нивното разочарување дека дел од граѓаните не ги почитувале препораките, па земјата се доведе во ситуација на нов раст на бројот на новозаболени.

Тврдат дека вчерашаната бројка е пораз за нивниот тримесечен труд и дека враќајќи се назад две недели, вчерашните новозаразени се од 16-17 мај. Велат дека во наредните денови ќе има и официјална бројка на евентуално нови случаи со Ковид-19 по олабавувањето на мерките односно по укинувањето на полицискиот час.

Се надеваат дека по тоа ќе има се помалку новозаболени. 

Нема препораки за нови рестрикции ни на локално ниту на национално ниво.

Најголемиот број на новозаболени се од Скопје и од Штип.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот