Нема ново продолжување на распустот - Од утре повторно на настава
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2017 12:10
Околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци, утре ќе се вратат во училишните клупи за почетокот на второто полугодие од учебната 2016/2017 година.
Зимскиот распуст беше продолжен со два дополнителни наставни дена (18-ти и 20 јануари), по препораката од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да се избегне опасноста од ширење на грипот. Сепак, до ново продолжување на распустот не дојде бидејќи имаше и шпекулации поради екстремно ниските температури, но сега се стабилизираа и временските услови.
Од наредниот понеделник, пак, 30 јануари, ќе почне екстерното тестирање на 18.600 матуранти, кое ќе трае до 3 февруари 2017 година.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




