Нема опасност од отровни гасови во Тетово, потврди Ангелов
Објавено во: Македонија 30 Мај, 2022 16:50
Нема опасност од отровни гасови од пожарот во Тетово. Oва го потврди директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Тој информираше дека иако има густ и црн чад од пожарот во Тетово, безбедна е состојбата. Испитувањата ги направи аримската единица за атомско-биолошко-хемиска опасност.
„За секој случај очекуваме дополнително испитување бидејќи има мала веројатност за отровни гасови за што нема можност да се детектира. Но, потенцирам дека имаат најсовремена опрема донирана од Америка“, изјави Ангелов.
Фабриката „Македонија табак”, во која утрово околу 9 часот избувна пожарот, има лимен покрив и бетонска плоча и водата од хеликоптерот не може да продре внатре, појасни Ангелов.
„Воедно, хеликоптерот не може да влезе во густ чад и на работ влегува и интервенира. Хеликоптерот дејствува од воздух, а пожарникарите од земја, надмината е опасност од било каква експлозија“, рече Ангелов.
Во пожарот повредени се четири лица, но сите се надвор од животна опасност.Можеби ќе ве интересира
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра




