05 Декември, 2025
0.0982

НЕМА ПРЕДИЗБОРЕН МАРКЕТИНГ СО СТРАНСКИ ПАРИ: Што значи пораката од Светска Банка?

Објавено во: Финансии 14 Јануари, 2016 08:13

Добивај вести на Viber

Никој во владата не сака да ја коментира последната одлука на Светска банка, која одобри кредит од 25 милиони евра за Македонија, но парите не може да се користат пред изборите. Министерството за финансии остана без коментар, а дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, посочува дека не сака да ја анализира одлуката на Светска банка и врз основа на неа да изведува заклучоци. „Не би ги коментирал одлуките на КФВ банката и на Светската Банка. Исто, како што не ја коментирав ни одлуката на трите водечки светски банки, Сити Груп, Ерсте Банк и Дојче Банк, во улога на агенти при издавањето на четвртата еврообврзница. Меѓународните финансиски и банкарски институции имаат пристап многу поразличен од домашните финансиски институции“, вели Наумов, за Фактор. Одобрениот кредит е наменет за инвестиции во локална инфраструктура, а со оглед дека следуваат избори, очигледно е дека и Светска банка не сакала тие пари да бидат искористени во предизборната кампања за проекти со кои власта би добила политички поени. „Мислам дека ова е вообичаена пракса од Светска банка, да не се ослободуваат средства во предизборен период, за да се избегне можноста да се влијае на изборите. Ако се сеќавам добро, нешто слично имаше и во 2014 година. Мислам дека ова не се прави толку за да се оневозможи средствата да се користат за други намени (средствата се наменети за општините, не за централната влада, така што, не знам ни дали е можно ова), туку за да се спречи евентуален предизборен маркетинг, во стилот „еве, се гради“, вели Бранимир Јовановиќ за Фактор. И додека меѓународните банки играат на картата на внимателност, се засилуваат задолжувањата на домашен терен. „Не сакам да верувам дека под притисок на власта клиентите на домашниот пазар на капитал поинаку го пресметуваат ризикот за кредитирање на влада, која за период од осум години го дуплираше износот на јавниот долг, пред се за финансирање на непродуктивни расходи. Ваквото темпо на задолжување е предмет на сериозна загриженост во последните извештаи за економската состојба во Македонија на сите релевантни институции, вели Кире Наумов, дополнителен заменик министер за финансии. Апелите на Наумов, упатени до банките засега не помагаат да се намали домашното кредитирање. А таквите апели од ВМРО-ДПМНЕ  толкуваат како деструктивен обид на опозцијата, кој сепак не поминува со успех кај домашните кредитори. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ е во паника бидејќи не успева да го блокира нормалното функционирање на Македонија и  преку закани до банките да се спречи исплатата на пензии, социјална помош, субвенции. „Најтешко му е на Кире Наумов кога банките му делат воспитни, а во ЕУРОСТАТ мува не ги лази од неговото реноме за финансиска експертиза. Банките уште еднаш им покажаа на Кире Наумов и СДСМ дека не им веруваат на апокалиптичните сценарија и приказни, бидејќи само СДСМ умее да ја донесе Македонија на такво дереџе“, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Министерството за финансии и на првата аукција на државни хартии од вредност што се одржа годинава, иако бараше 15,5 милиони евра, сепак на крајот од домашните кредитори зема 31 милиони евра. Од ресорното министерство не одговараат зошто се задолжија двојно повеќе од она што беше најавено и за шт ќе се трошат тие пари. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката