27 Јули, 2024
0.2046

НЕМА ВЕЌЕ БЕСПЛАТНО СЛЕДЕЊЕ ОД МОБИЛЕН - Берзата ќе наплаќа по 600 денари месечно, Штериев објаснува кои се причините

Објавено во: Финансии 31 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Ако се досега акционерите и потенцијалните инвеститори на Берзата можеа преку своите паметни телефони бесплатно да ги следат куповните и продажните налози за акциите кои се тргуваат на пазарот на капитал, сега за оваа услуга ќе треба да плаќаат по 600 денари месечно.

Овие средства ќе ги наплатува Берзата, откако во период од околу пет години наназад таа услуга беше бесплатна, со цел да се стимулира пазарот на капитал во земјава.

Практично, како што објаснуваат акционерите и инвеститорите што ја користеле оваа апликација, доколку таа се користела преку комјутер, и досега се плаќале по 600 денари месечно, но услугата била бесплатна доколку се користи преку мобилен телефон. Но, од пред една недела тоа веќе не е возможно, туку ќе се наплатуваат по 600 денари во текот на месецот.

„Се досега, во претходниве отприлика пет години, преку паметните телефони акционерите можеа да следат длабочина на пазар за акциите кои се тргуваа, и да ги гледаат во моментот продажните и куповните налози во реално време. И се досега таа услуга беше бесплатна. Тоа беше значајна придобивка за акционерите, на пример, секој акционер кој има акции во одредена компанија, можеше во моментот да гледа какви куповни и продажни налози има за таа акција. На тој начин акционерите беа практично ‘присутни’ кога се тргува со нивната акција, практично тие го гледаа тргувањето“, вели еден акционер.

Според него, со овој трошок од 600 денари месечно, кој годишно веќе достигнува 7.200 денари, практично може да се дестимулираат акционерите и инвеститорите да го следат тргувањето.

„Досега на пример, ако некој акционер можеше да ги гледа продажните и куповните налози, можеби и да немал намера да направи трансакција, но со тоа што ја следел длабочината на акција, всушност би можел да биде заинтригиран да купи и да продаде акции, и на тој начин се стимулираше тргувањето. Но сега, кога таа услуга веќе не е бесплатна, акционерите не се стимулираат. На пример, ако додека беше бесплатно на апликацијата биле ‘закачени’ 100 луѓе, сега се многу помалку. Па така, порано беа присутни многу повеќе акционери и потенцијални инвеститори, но сега многу од акционерите одлучуваат да не се присутни и тоа може да делува дестимулативно“, објаснува познавач на состојбите.  

Според нашите соговорници, не е добро што почнува да се наплатува користењето на таа услуга, во време кога не му оди баш најсјајно на пазарот на капитал во земјава.

Фактор го праша првиот човек на Берзата, Иван Штериев, зошто оваа услуга веќе не е бесплатна.

Тој нагласува дека за оваа апликација уште пред неколку години биле пропишани надоместоци во Тарифникот на Берзата. Вели и дека на други пазари вакви апликации вообичаено ги развиваат брокерите

„Апликацијата eTrader, односно изведената апликација mTrader којашто дава можност за користење на оваа апликација преку мобилен телефон, е развиена од Берзата пред неколку години и за истата се пропишани надоместоци во Тарифникот на Берзата, одобрен од Комисијата за хартии од вредност. На други пазари ваквите апликации вообичаено ги развиваат брокерите“, се вели во одговорот кој го добивме од директорот на Македонската берза, Иван Штериев.

Првиот човек на Берзата објаснува и дека овие апликации нудат две нивоа на пристап во реално време, и тоа Ниво 1 и Ниво 2, при што Ниво 2 дава можност за следење на т.н. пазарна длабочина, односно првите 5 куповни и продажни налози за одредена акција, а Ниво 1 дава увид на моментално најдобриот куповен и продажен налог.

„Двете нивоа даваат можност и за давање налози за тргување. Светски стандард е Ниво 2 да се нуди на комерцијална основа, бидејќи него го користат професионални и поверзирани инвеститори, а Ниво 1 да е бесплатно. Таков е случај и на нашиот пазар. Моменталниот надомест за Ниво 2 е поставен доста ниско и изнесува неполни 10 евра месечно“, објаснува за Фактор директорот на Берзата Штериев.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра

МНОГУМИНА СЕ НАДЕВАА, НО НБМ ДЕНЕСКА НЕ ЈА НАМАЛИ КАМАТАТА - мора да се стабилизира инфлацијата, има уште ризици

МНОГУМИНА СЕ НАДЕВАА, НО НБМ ДЕНЕСКА НЕ ЈА НАМАЛИ КАМАТАТА - мора да се стабилизира инфлацијата, има уште ризици

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ? Запленети 120 милиони евра од Амазон во Италија

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ? Запленети 120 милиони евра од Амазон во Италија