24 Јуни, 2025
0.0355

НЕМА ВЕЌЕ ЧЕКАЊЕ СО СААТИ НА ЕВЗОНИ: Грција итно надградуваат, ќе се забрза преминувањето на границата

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2025 09:20

Добивај вести на Viber

Итна надградба на граничниот премин Евзони, со воведување дополнителни мерки што ќе ги забрзаат контролите и ќе го намалат повеќечасовното чекање за влез и излез од Грција, било одлучено на состанокот свикан од заменик-министерот за внатрешни работи надлежен за областа Македонија-Тракија Константинос Јулекас и секретарот на децентрализираната администрација на истиот регион Јоанис Савас, јави дописничката на МИА од Атина.

Надградбата на копнените гранични премини на Грција, меѓу кои и оној кон нашата земја беше најавена на почетокот на годинава, а се очекува да се намали времето на чекање, кое минатото лето на Богородица-Евзони, поради големиот број туристи, во одредени денови достигнуваше и до пет часа.

Од Министерството за внатрешни работи на Грција, од секторот Македонија и Тракија соопштија дека на состанокот одржан вчера на граничниот премин Евзони се разговарало за надградбата што ќе се одвива на две нивоа.

Едното се однесува на зајакнување персоналот на граничниот премин, „барање доставено до политичкото раководство на надлежните министерства со цел да се скрати времето за проверка на податоците“.

Второто се однесува на функционалното подобрување на инфраструктурата и според планот, целосното реновирање на објектите ќе биде завршено во текот на 2026 година со целосна промена на изгледот на целиот граничен премин.

Заменик-министерот за Македонија и Тракија Константинос Јулекас по состанокот рече дека покрај целокупната надградба на објектите, се обидуваат да преземат мерки за решавање на проблемите, особено во текот на летниот период.

- Овие мерки се однесуваат на тоа како можеме при влезот и излезот да го олесниме поминувањето за да немаме повеќечасовни застои. Се обидуваме да ја зголемиме и брзината на информацискиот систем, за побрзо да се завршува контролата при влез во Грција. Она што разговаравме е да се забрзаат царинските и пасошките контроли и како да успееме, оние што доаѓаат во нашата земја или заминуваат да го видат токму со она што сме, сликата на Европа, рече Јулекас.

Секретарот на Децентрализираната администрација на конкретната област посочи дека приоритет на Владата е надградбата на граничните премини и објасни дека тие подготвиле студија што е испратена до надлежните министерства, а потоа ќе следат следните чекори.

- Средбата што се одржа беше за да се утврди како ова лето да помине во подобри услови, нагласи секретарот.

Според информациите од состанокот, во 2024 година на граничниот премин Евзони биле проверени околу пет милиони пасоши, а во првите четири месеци од годинава околу еден милион.

На состанокот свикан од Јулекас и Савас присуствувале и генералниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Грција, градоначалникот на општина Пеонија, заменик-префектот за инфраструктура и мрежи на областа централна Македонија, заменик-префектот на Кукуш, регионалниот директор на полицијата на областа централна Македонија и други.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средината на јануари годинава, како што тогаш објави МИА, осврнувајќи се на заложбите на Владата за 2025 година, го спомена и подобрувањето на работата на граничните премини и објасни дека надградбата започнува со преминот Кипи во Еврос кон Турција, а потоа ќе следи надградба на сите главни копнени гранични премини (Кастаниес кај Еврос, Евзонои, Лемос во Преспа, Какавија и Кристалопиги).

- Нивната сегашна слика не е соодветна за европска држава како Грција. За прв пат по децении, ќе се изврши градежна и технолошка обнова на сите централни влезни/излезни точки во земјата, со цел побрзо да се опслужуваат посетителите и трговскиот транспорт. Намалувањето на времето на чекање на влезовите и излезите на земјата ќе придонесе за економска и туристичка стимулација на северна Грција, од Тракија до Епир, напиша тогаш Мицотакис.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски исто така во јануари, соопшти дека „со Грција работиме на забрзување на граничниот премин Богородица и за многу кратко време ќе работиме на реконструкција на граничните премини на Дојран и на Меџитлија со цел тие три гранични премини да се функционални“.


Можеби ќе ве интересира

МУЦУНСКИ ЗА БУГАРИЈА: Со блокирањето на нашиот евроинтегративен пат, тие се негативен чинител во регионот

МУЦУНСКИ ЗА БУГАРИЈА: Со блокирањето на нашиот евроинтегративен пат, тие се негативен чинител во регионот

БГНЕС ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Министерот Митов кажа колку македонски граѓани поседуваат бугарски пасоши

БГНЕС ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Министерот Митов кажа колку македонски граѓани поседуваат бугарски пасоши

ВАЈЦ ЗА БГНЕС: Јас сум пријател на Бугарија, не знам дали Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ

ВАЈЦ ЗА БГНЕС: Јас сум пријател на Бугарија, не знам дали Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ

ОСЛОБОДУВАЊЕ НА БРЕМЕНИ И ПОСТАРИ, ФЛЕКСИБИЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ ИЛИ РАБОТА НА ДАЛЕЧИНА: Владата донесе мерки поради топлотниот бран

ОСЛОБОДУВАЊЕ НА БРЕМЕНИ И ПОСТАРИ, ФЛЕКСИБИЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ ИЛИ РАБОТА НА ДАЛЕЧИНА: Владата донесе мерки поради топлотниот бран

KOBАЧЕВ: Мицкоски го губи времето на своите граѓани во безмислена битка со Бугарија

KOBАЧЕВ: Мицкоски го губи времето на своите граѓани во безмислена битка со Бугарија

МИЦКОСКИ: Европската и македонската јавност видоа дека во 21. век во Европа ние се бориме за идентитетски прашања

МИЦКОСКИ: Европската и македонската јавност видоа дека во 21. век во Европа ние се бориме за идентитетски прашања

Градски инспектор пријавил закани поради зграда во Чаир приклучена на диво на водоводната мрежа

Градски инспектор пријавил закани поради зграда во Чаир приклучена на диво на водоводната мрежа

„ИСТОРИСКИ ШАМАР ЗА ВМРО-ДПМНЕ ВО БРИСЕЛ ОД СЕСТРИНСКАТА ПАРТИЈА CDU“: Мартин Костовски открива - амандманот за модерен македонски јазик е одбиен!

„ИСТОРИСКИ ШАМАР ЗА ВМРО-ДПМНЕ ВО БРИСЕЛ ОД СЕСТРИНСКАТА ПАРТИЈА CDU“: Мартин Костовски открива - амандманот за модерен македонски јазик е одбиен!

ДЗР: Општина Центар има ненаплатени 4,5 милиони евра од легализација на дивоградби

ДЗР: Општина Центар има ненаплатени 4,5 милиони евра од легализација на дивоградби