НЕМА ВЕЌЕ МАКЕДОНЦИ, СРБИ, БОСАНЦИ: Индијци берат грозје во Црна Гора

Објавено во: Економија 22 Септември, 2023
Црногорските лозја ги берат сезонци од Индија.
Црногоската државна компанија „Плантаже“ ангажираше 40 сезонски работници од Индија. Причина за ангажирање сезонски работници од Индија, што изненади многумина, е недостигот на сезонски работници од регионот, пишува „Дан“.
Работниците добиваат плата, три оброка дневно, сместување, а платен им е и превозот.
„Досега делумно го решававме проблемот со работната сила со ангажирање работници од земјите од регионот Србија, БиХ и Северна Македонија. Со оглед на тоа што нема доволно интерес за ваков вид на работа од страна на домашната работна сила, како и работната сила во околината, ‘Плантаже’, како и другите работодавачи, се принудени да бараат работна сила надвор од границите на регионот, со цел да се обезбеди континуиран производствен процес, кој е приоритет на бизнисот. Годинава за прв пат имаме интерес од работници од азиските земји. Околу 40 лица од Индија во моментов се во процес на добивање на потребните дозволи за привремен престој и работа“, соопштија од „Плантаже“.
Филипинци, Индијци, Непалци, работат на Балканот.
foto freepik.com/ayhanturandesign
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
Заеднички со Унгарија ќе се бориме против таксата на Бугарија за руски гас

ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ПЛАТЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН - „Крејон Македонија“ ја доби првата „сочна“ исплата за сајбер одбраната по новиот договор

СИТЕ САКААТ ДА БИДАТ „ФРИЛЕНСЕРИ“ - Кои се предностите на „гиг“ економијата

„Вози Мишко“ од јули до септември! 74.000 Македонци избрале автобус на летување на море и шопинг во странство

Бислимовски: Од утре официјално дневна евтина тарифа за струја

Генерали инвестментс: Црн петок и продажба од 9,8 милијарди долари во САД ?️

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ТОНЕ ПОРАДИ ЕДЕН МНОГУ ВАЖЕН ФАКТОР: Недостиг има кај 80 отсто од компаниите

Ниту небото не е лимит за нив! Во која државна фирма просечната плата изнесува 2.500 евра?

УЈП со решенија за осум блокирани сметки на компании кои не платиле солидарен данок
