НЕМА ВЕЌЕ РАЗВОЗУВАЊЕ НА ДРЖАВНА СМЕТКА: Од септември сите службени возила ќе добијат таблици во боја
Објавено во: Финансии, Македонија 20 Јуни, 2025 06:30
Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја, најави синоќа директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски додавајќи дека тоа ќе се случи пред локaлните избори што ќе бидат најверојатно околу 15 октомври.
МВР веќе има распишано тендерска постапка за набавка на црвена и жолта боја со која ќе се бележат службените возила, а јавното отворање ќе биде на 25 јуни.
- На 25 јуни ќе биде јавното отворање на тоа. Се надевам дека ќе имаме фирма која ќе ни ги достави побаруваните бои и ќе добиеме најниска цена и веднаш после завршената постапка ќе донесеме заклучок на Влада односно задолжение за сите државни институции, тука спаѓаат ЈП, општините, државните институции, министерствата, Владата во рок од триесет денови да ги променат таблиците, објасни Томовски.
Промената на таблиците ќе падне на товар на самите институции. - Некаде околу 1200 денари е промена на таблици со промена на сообраќајна дозвола, но тоа не е некоја голема финансиска штета за државата отколку што може да се заштеди и да излеземе сериозни кон граѓаните, вели тој.
Државата нема регистар на службени возила, па така од анализата на СОЗР се работи за околу 7000 возила, од кои веројатно илјада ќе се исклучат од безбедносни причини - МВР, АРМ итн. Втората работа што се планира, како што кажа Томовски, е да се објави јавен телефонски број и мејл адреса каде граѓаните ќе можат да пријавуваат злоупотреба. - Не знам какви се законските одредби дали ќе може тие луѓе да се казнуваат, но во најмала рака ќе подлежат на јавна критика и не верувам дека би го повториле тоа дело, рече директорот на СОЗР.
На истиот принцип како што се прави регистар на службени државни возила, се прави и регистар на државни објекти на што работи вицепремиерот Арбен Фетаи.
-Целта ни е да ги фузираме овие два регистри и да имаме еден регистар во државата и за имоти и за возила, рече Томовски.
Томовски исто така рече дека овој Буџет не дозволува набавка на нов владин авион, иако на државата и треба поголем ваков авион. Според него, тоа не е луксуз, туку потреба на една држава.
Комплексот „Македонско село“, денеска беше повторно отворен, а Томовски нагласува дека тој не е клучен само заради економијата туку има неколку аспекти, како идентитетот на државата. Таму има 12 куќарки кои ја прикажуваат државата на едно место и, вели тој, добиваме нова туристичка дестинација и нови работни места.
- Овој пат одлучивме да го дадеме под класична закупнина, нема јавно-приватно партнерство. Ние немаме никаква обврска како држава. Му го даваме на концесионерот на 15-годишно владеење. Се она што ќе го инвестира во комплексот, останува во сопственост на државата, но да ја зачува намената. Да нема злоупотреби, рече Томовски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





