НЕМА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Претседателот Пендаровски и соопшти на јавноста дека повеќе нема потреба
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2020
Шефот на државата
Стево Пендаровски, денеска обраќајќи се до јавноста истакна дека во овој
момент нема потреба да ја продолжуви вонредната состојба, иако, како што рече според Уставот има
право и без Владата да донесе одлука за вонредна состојба во услови кога
нема функционален Парламент.
-На 30 мај донесов одлука за продолжување на вонредната состојба, која истекува утре. Сите претходни вонредни состојби ги прогласував на барање на Владата, по заседавање на Советот за безбедност. Сите вонредни состојби ги прогласував на барање на владата со нејзино образложение зошто е потребно да бидат воведени. Една од потребите беше, во услови кога Собранието е распуштено, да се носат уредби со законска сила. Претседателот може и без барање на владата да прогласи вонредна состојба, но тоа не го направив. Во овој момент нема потреба да прогласам нова вонредна состојба, истакна претседателот Пендаровски.
Според него, одлуката за непродолжување на вонредната состојба е донесена согласно информациите информациите од Владата дека земјава располага со доволно медицинска и заштитна опрема, а освен тоа, како што истакна, веќе е донесен и третиот пакет економски мерки за што има доволно средства во Буџетот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.