05 Декември, 2025
0.0290

„НЕМААТ ВИЗИЈА И СЕ ОДНЕСУВААТ ИМПРОВИЗИРАЧКИ“: Левица тврди со даноците се импровизира, мора да се прилагодиме на ЕУ

Објавено во: Финансии 28 Декември, 2024 10:08

Добивај вести на Viber

Има ли планови за промена на даноците во земјава, дали аспирациите за членство во Европската унија ќе наметнат обврска за зголемување на даноците. 

Според претставникот на „Левица“, Амар Мециновиќ на темата измени во Закон за минимален глобален данок на добивка, се стекнува впечаток дека може да се очекува промена на даноците во следниот период. 

- Интересна ситуација, во еден ден добивме закон во скратена постапка за реформа на даноци. Во ист ден го добивме на дневен ред, во ист ден го гласаме. Ќе го гласаме затоа што е добар! Но, сега е проблематичен и покажува дека ВМРО-ДПМНЕ нивното Министерство за финансии и Премиер, немаат визија и се однесуваат импровизирачки, носејќи ад хок реактивни решенија на приликите, наместо да ги антиципираат како треба да биде.

Би посочиле на тоа дека ДПМНЕ покрај тоа што сега го донесува во последниот момент од 2024 година, во '93-та минута, тие сепак во предизборието некого лажеа. Лажеа дека ќе намалуваат данок, а сега го зголемуваат! Сега ќе ви кажеме зошто. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ првпат има изразена левичарска опозиција која се грижи за тоа што треба да усогласиме со европската легислатива.

'Анти-европската' Левица ви посочи пред месец дена, дека постои директива во ЕУ,  сите членки, и сите аспиранти за зачленување, треба да имаат минимален корпоративен данок од 15 проценти почнувајки од први јануари 2024 година - кажа Мециновиќ во Собранието. 

Потоа тој дополни дека „имаме најави дека некои големи фирми ќе го оспорат ова пред Уставен суд - ретроактивното дејство на овој закон“. 

- Иако ДПМНЕ лажеа, мора да се признае дека претходната Влада истото ова требаше да го има предивид и ако овој корпоративен данок се прогласи за неприменлив, кој ќе ја сноси вината? - Кој ќе плати пенали затоа што треба да се оданочи добивката на мултинационалните корпорации, иако требало.

Среќни сме што ова се прави поради Левица. За јавноста ќе потсетиме, кон крајот на ноември, преку сестринските партии во Европскиот парламент испративме барање до Европската комисија, за тоа што Мицкоски најавуваше, корпоративниот данок да се намали од 10 проценти на 5 отсто. Дали да се држи до тоа, или пак да се држи до регулативите на Европската унија.

За еден месец се освести ДПМНЕ. Граѓаните треба да знаат дека со притисокот на Левица, во овој парламент, стотици милиони евра, долгорочно ќе се задржат во Буџетот на РМ, кои инаку ќе се одлееја во странство - напоменува Мециновиќ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката