01 Декември, 2024
0.0290

„НЕМАМЕ ЗЕМЕНО ТРИ ПЛАТИ“: вработените во прилепскиот Царински терминал на предупредувачки штрајк

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Десетина вработени во прилепскиот Царински терминал излегоа на предупредувачки едночасовен штрајк. Немаат плата три месеци, ниту пак здравствено осигурување. Терминалот работи во состав на прилепски ЈКП „Комуналец“. Бараат разбирање од надлежните и решение.

- Моментално сме излезени на предупредувачки штрајк за да видиме дали има разбирање за проблемот. Основач е ЈКП „Комуналец“ - Прилеп, како подружница Терминал доел. Немаме земено три плати. Последнава година се случува да се даде плата при крајот на месецот и два дена осигурување. А сите сме возрасни, над 50 години, сите сме со проблеми, а здравствено немаме. Се надеваме дека од претпријатието, а и градот ќе имаат разбирање да се реши проблемот. Сме имале контакти со надлежните, веќе две години се провлекува проблемот. Само ни е речено дека се бара решение, изјави Славе Јорданоски, вработен во „Царински терминал“-Прилеп.

Зоран Стефаноски, вработен во терминалот вели дека порано имало голем прилив на пари, но работите се проблематични година и половина.

- Во Терминалот имало секогаш прилив на пари. Секогаш се чекало ние да земеме плата, па остатокот да се повлече за во „Комуналец“ да исплатат плати. Но последните година и половина немаме никакво разбирање, ниту од „Комуналец“, ниту од локалните власти, рече Стеваноски.

Поддршка на 10-тината вработиени кои се речиси пред пензија им дава синдикалната организација.

Како синдикална организација застануваме зад вработените кои немаат каде повеќе да се обратат. Директорот на ЈКП „Комуналец“ е запознат со ситуацијата, известен е и градоначалникот. Сега-засега не наидовме на слух. Че продолжиме со активности сѐ додека на вработените не им се исплати тоа што го сработиле. Ако нема разбирање, штрајкот ќе се радикализира. Ќе бараме разбирање од надлежните за да се реши проблемот и да не се радикализира, изјави Пецве Игески, претседател на синдикалната организација.

Од ЈКП „Комуналец“ велат само дека се бара решение на проблемот, а последните години „Царинскиот терминал“ работел со загуба.

Фото: МИА

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ОД ЕДЕН МЕТАР И ПАДНАТИ ДРВЈА НА ПАТОТ КОН СЕЛОТО МИХАЈЛОВО - Јанчев: На терен сме до целосно расчистување

СНЕГ ОД ЕДЕН МЕТАР И ПАДНАТИ ДРВЈА НА ПАТОТ КОН СЕЛОТО МИХАЈЛОВО - Јанчев: На терен сме до целосно расчистување

„АКО Е ПРЕКРШЕН ЗАКОНОТ, ЌЕ ИМА САНКЦИИ И ЗА ДИРЕКТОРОТ И ЗА НАСТАВНИЦИТЕ“ - инспектори од Просветен инспекторат утре ќе одат во Челопек

„АКО Е ПРЕКРШЕН ЗАКОНОТ, ЌЕ ИМА САНКЦИИ И ЗА ДИРЕКТОРОТ И ЗА НАСТАВНИЦИТЕ“ - инспектори од Просветен инспекторат утре ќе одат во Челопек

АНДИ ИСМАИЛИ ОД МАКЕДОНИЈА ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ВО МОДЕРЕН ТАНЦ И ЈА ПЕЕШЕ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА - браво шампионе во конкуренција од 72 танчери

АНДИ ИСМАИЛИ ОД МАКЕДОНИЈА ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ВО МОДЕРЕН ТАНЦ И ЈА ПЕЕШЕ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА - браво шампионе во конкуренција од 72 танчери

ДУИ ЖЕСТОКО ИМ ВОЗВРАТИ НА ВРЕДИ: Немаме врска со инцидентите со знамето, ќе преземеме мерки за лажните обвинувања

ДУИ ЖЕСТОКО ИМ ВОЗВРАТИ НА ВРЕДИ: Немаме врска со инцидентите со знамето, ќе преземеме мерки за лажните обвинувања

ВАКА ЖЕНИТЕ ОД СДСМ ГО ПРОСЛАВИЈА ЖЕНСКИОТ АКТИВИЗАМ: Да се бориме против родово базираното насилство и растечкиот број фемициди

ВАКА ЖЕНИТЕ ОД СДСМ ГО ПРОСЛАВИЈА ЖЕНСКИОТ АКТИВИЗАМ: Да се бориме против родово базираното насилство и растечкиот број фемициди

„АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ НЕ Е САМО ЗНАМЕ, ТУКУ И НАЦИОНАЛЕН СИМБОЛ, МОИТЕ ПРЕДЦИ СО НЕГО ПРАВЕЛЕ СВАДБА, ЌЕ ПРАВАМ И ЈАС“ - Салиу вели дека последен пат пишува за национални теми

„АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ НЕ Е САМО ЗНАМЕ, ТУКУ И НАЦИОНАЛЕН СИМБОЛ, МОИТЕ ПРЕДЦИ СО НЕГО ПРАВЕЛЕ СВАДБА, ЌЕ ПРАВАМ И ЈАС“ - Салиу вели дека последен пат пишува за национални теми

ЗА СЕКСУАЛНИ УСЛУГИ НАПЛАЌАЛЕ И ПО 800 ЕВРА ОД НОЌ, А ЕВЕ ГИ И ДРУГИТЕ ЗЛОДЕЛА - МВР разби опасна мрежа на проституција, четворица уапсени

ЗА СЕКСУАЛНИ УСЛУГИ НАПЛАЌАЛЕ И ПО 800 ЕВРА ОД НОЌ, А ЕВЕ ГИ И ДРУГИТЕ ЗЛОДЕЛА - МВР разби опасна мрежа на проституција, четворица уапсени

СЕМЕЈСТВОТО СО ДВЕ МАЛИ ДЕЦА Е НА БЕЗБЕДНО - биле заглавени во снегот на патот пред Хотел Радика

СЕМЕЈСТВОТО СО ДВЕ МАЛИ ДЕЦА Е НА БЕЗБЕДНО - биле заглавени во снегот на патот пред Хотел Радика

„ИМАМЕ ФОТОГРАФИИ КОИ ДОКАЖУВААТ ДЕКА МЛАДИТЕ КОИ ГО ЗАПАЛИЈА ЗНАМЕТО СЕ СОРАБОТНИЦИ НА ГРУБИ - пресконференција на Арбен Фетаи од Вреди

„ИМАМЕ ФОТОГРАФИИ КОИ ДОКАЖУВААТ ДЕКА МЛАДИТЕ КОИ ГО ЗАПАЛИЈА ЗНАМЕТО СЕ СОРАБОТНИЦИ НА ГРУБИ - пресконференција на Арбен Фетаи од Вреди