НЕОБИЧНИ И ЧУДНИ: Ова се најтешките прашања поставувани на интервјуа за работа
Објавено во: Финансии 06 Март, 2017 14:25
Сајтот Glassdoor, во кој анонимни вработени прават проценки и откриваат факти за различни работни места, ги избра најтешките прашања поставувани на интервјуа за работа во периодот 16 јануари 2016 и 15 јануари 2017 година.
„На интервјуата треба да сте подготвени на се, дури за неудобни или чудни барања“, вели Дејвид Уитби, менаџер на Glassdoor. „Запомнете дека не е толку важно дали ќе одговорите правило, а како ќе се однесувате кога сте ставени под притисок“.
Еве и кои се прашањата кои корисниците ги избрале како најголем предизвик.
1. „Измислете формула по која ќе се пресмета колку гола ќе бидат дадени оваа сезона во Лигата на Шампионите.“
2. „Која е вашата стратегија за справување со лошите денови?“
3. „Вие добар човек ли сте?“
4. „Што значи за вас социјална правда?“
5. „Да претпоставиме дека сега тука влезе шефот на компанијата. Што ќе го прашате?“
6. „За што најмногу жалите во досегашната комуникација со луѓето?“
7. „Кој е Вашиот херој и зошто?“
8. „Пред Вас има три луѓе, кои земаат различни плати. Тие сакаат да воспостават колку е просекот на платите , но никој не сака да им каже на другите двајца точно колкава сума земаат. Како може да го сторите тоа?“
9. „Како ќе ги објасните облачните технологии на 7-годишно дете?“
10. „Опишете ни ја вашата најголема слабост.“
11. „Како се справувате со досадната рутина?“
12. „Ако вашиот најдобар пријател беше тука сега, каков совет ќе ви дадеше?“
13. „Се наоѓате на Месечината. Вселенскиот брод се урна. Зачувани се само 15 предмети од него, кои сепак се исклучително важни за вашиот опстанок. Наведете какви треба да се овие предмети и наредете ги по степен на важност.“
14. „Која е најалтруистичната работа што сте ја правеле?“
15.„Треба да назначите еден од двајца кандидати на работа. Едниот ви е пријател, другиот ги има истите способности како него. Пријателот сепак ви носи помалку профит. На кого ќе му ја дадете работата?“
16. „Како би ве опишале непријателите?“
17. „Што мислите токму во овој момент?“
18. „Кој факт во CV-то ви е најблиску до лага?“
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





