НЕОЧЕКУВАН ТРЕНД: Еве што прават потрошувачите со парите кои ги заработат
Објавено во: Финансии 24 Мај, 2016
Потрошувачите ширум светот се потешко се откажуваат од своите пари, е заклучок на финансиските лидери на Групата 7 најразвиени светски економии, кои се состануваат во Јапонија.
Постојат бројни причини поради кои потрошувачите ги чуваат своите тешко заработени пари. Некои од нив имаат ограничена куповна моќ, бидејќи будеџтот едвај им ги покрива основните потреби, други имаат премалку заштеда, па одлучуваат да штедат наместо да трошат.
Новиот тренд во нивните потрошувачки навики има „домино ефект“ на светската економија, а министрите за финансии од Групата 7 наведуваат дека фискалниот конзерватизам довел до големи дилеми ширум светот, со оглед на тоа дека компаниите и фабриките произведуваат стока, која потрошувачите не ја купуваат.
-Нема побарувачка и тоа е еден од најголемите проблеми во светот-рекол министерот за финансии на Јапонија Таро Асо, додека секретарот за финансии на САД Џек Лу ги повикал владите и бизнисите да ги употребат било кои механизми што ги имаат за да поттикнат раст.
Состанокот на финансиските лидери се одржува пред самитот на Групата7, планиран во градот Исе во централна Јапонија.