05 Декември, 2025
0.0281

НЕВЕРОЈАТЕН ДОГОВОР - поранешна директорка на познатата телевизија ќе добива по 8.000 евра месечно до крајот на животот

Објавено во: Финансии 29 Април, 2025 07:27

Добивај вести на Viber

Поранешната главна уредничка и програмска директорка на телевизиската мрежа Рундфунк Берлин-Бранденбург (RBB), 61-годишната Клаудија Нотел, не работи за радиодифузерот од 2016 година, но сè уште добива месечна плата од 8.000 евра. Според најновата судска одлука, тие пари мора да ѝ бидат исплаќани до крајот на животот.

Иако оваа пресуда звучи како шега, поранешната директорка на RBB Rundfunk Berlin Brandenburg ќе добива пензија од 8.000 евра иако долго време имала друга работа, т.е. како професорка таа предава на Универзитетот за применети науки Магдебург-Штендал, каде што добива дополнителна плата од 7.000 евра месечно.

Како е можно?

Иако поранешната директорка на RBB доброволно ја напушти телевизиската станица RBB во јули 2016 година, таа претходно потпиша „личен договор за отпремнина“ со својот работодавач, кој ќе го добива во форма на месечна пензија.

Оттогаш, таа добивала пензија од 8.437 евра секој месец.

Уметничкиот директор на RBB, Улрике Демер, која беше на водечката позиција од 2023 година, ги прекина исплатите на професорката Нотел во декември 2023 година и побара враќање на парите што веќе ги исплатила RBB.

„Обични договори“

Но, поранешнјата директорка го тужеше RBB и сега го доби судскиот спор. Според одлуката на судијата на Трудовиот суд во Берлин, телевизиската компанија RBB не докажала доволно дека ваквите договори и плаќања биле „невообичаени на пазарот“ во тоа време, „Мителдојче Цајтунг“ беше првиот што ја објави судската одлука.

Во изјава за „Билд“, член на советот за радиодифузија на RBB рече дека ваквите видови отпремнина често се исплаќале во минатото, особено кога станува збор за менаџер.

„Дознавме за тоа дури кога случајот стигна до суд“, рече член на советот на RBB.

Извор: Шпигл

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката