НЕВИДЕНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ ВО ДЕТСКА ГРАДИНКА: Воспитувачки во Белград им удираат шамари, ги влечат и ги газат две-годишните деца
Објавено во: Балкан 21 Јануари, 2021 11:25
Во белградската населба Вождовац во градинка каде родители носеле на згрижување две, три-годишни деца, воспитувачките ги злоставувале, ги тепале, па дури и ги заклучувале во посебна просторија ако „не биле мирни“. Начинот на „чување и грижа“ за дечињата е обелоденет во видео кое ги запали социјалните мрежи, а на снимката која е направена со мобилен телефон се гледа како воспитувачките ги малтретираат уплаканите деца.
Бруталноста од страна на воспитувачките оди до таму што на снимката се гледа како една од нив буквално го влече држејќи го под мишки, а пак друга го држи детето на под и го гази додека тоа плаче.
Надлежните во Србија, по објавата на видеото во јавноста, веднаш направиле увид при што е откриена и просторијата каде дечињата биле заклучувани.
— Babica Travica (@BabicaTRAVICA) January 20, 2021
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




