Добивај вести на Viber
Невработените лица да продолжат да се евидентираат во Агенцијата за вработување на Република Македонија, соодветно на своето убедување дали сакаат активно да бараат работа или не, порача министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
-Без разлика дали лицата ќе се пријават како активни или пасивни баратели на работа, целосно ќе им бидат овозможени сите социјални права, појасни Министерот.
На денешната прес-конференција со директорот на Агенцијата, Влатко Поповски тие информираа за Упатството за начинот и постапката за воведување, водење и престанок на евиденцијата на невработени лица.
Како оди постапката?
Формуларот, односно пријавата се подигнува во центрите за вработување според местото на живеење на невработеното лице на денот на првиот редовен термин за јавување, при што ќе добие кратко појаснување за начинот на пополнување од страна на службено лице.
- Секоја пријава за воведува во регистар е нумерички обележана, за што службеното лице задолжително во системот треба да го внесе датумот на подигање на пријавата и точниот нумерички број. Лицето задолжително ја враќа пријавата на денот на анредното пријавување, пополнета и своерачно потпишана, рече Ристовски.
Службеното лице, додаде тој, нема да може да го евидентира лицето, доколку тоа има подигнато пријава, а ја нема вратено. Доколку лицето ја изгуби или оштети пријавата должно е да даде изјава која треба да биде предадена преку архивата на Центарот за вработување и повторно ќе му биде издадена нова пријава која ќе мора да ја пријави во работниот клуб во присуство на службено лице.
Службени лица, рече Ристовски, се задолжени да помогнат во пополнување на пријавите и на оние кои прв пат се евидентираат во Агенцијата за вработување.
Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, рече дека во формуларот покрај личните податоци на невработените лица се содржани и податоци за завршено образование завршени курсеви и за тоа дали активно или пасивно бара работа. Овие информации, како што рече Поповски се со цел полесно да им помогнеме на невработените лицата во барањето на работа.
Сите сакаат на државни јасли
Од вкупно 235.328 евидентирани невработени лица поделени се 192.000 формулари од кои пополнети и вратени се 29.000, а пополнети се и 1.000 индивидуални планови. Од вкупно евидентираните невработени лица, според последните податоци од Агенцијата 50 отсто се активни, а 50 отсто не бараат работа преку АВРМ.
Иако се уште трае пререгистрацијата на невработените лица, според првичните податоци, најголем процент од невработените бараат административна работа. Ова неодамна за Фактор го потврда директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, рече дека дури 55% од невработените се изјасниле дека не бараат работа, а повеќето од тие пак, што бараат работа, би прифатиле само работа во државната администрација.