Невработеноста во Германија никогаш не била поголема: 190.000 работници повеќе „на бирото“ од минатата година
Објавено во: Економија 24 Септември, 2023
Бројот на невработени во Германија годинава ќе се зголеми во просек за 190.000 во однос на претходната година, прогнозира Институтот за истражување на пазарот на труд (ИАБ). Причините за порастот се високата инфлација, растот на каматните стапки и слабата странска побарувачка.
Овие фактори го забавија економскиот развој, објави во петокот институтот. Федералната агенција за труд објави 2,7 милиони невработени во август.
– Економскиот пад ја погоди Германија. Забележливо е и на пазарот на труд, но релативно добро се држи во споредба со слабата економија - вели Енцо Вебер од ИАБ.
Но, предизвиците се големи – на пример, недостатокот на работници во Германија, особено оние кои се квалификувани за одредени работни места, но и прашања како што се поттикнување инвестиции и развој на инфраструктурата.
„Затоа, потребна е сеопфатна програма за трансформација“, рече Вебер.
Се предвидува следната година да има уште 60.000 невработени. „Можностите за вработување за оние кои не работат во моментов се пониски отколку за време на пандемијата“, велат истражувачите.
Долгорочната невработеност во Германија е многу над она што беше пред глобалната зараза.
Без разлика, бројот на вработени со полно работно време ќе расте: за 2023 година, IAB очекува релативно скромно зголемување од 250.000, на 34,76 милиони. Меѓутоа, доколку прогнозата се оствари, зголемувањето ќе биде половина повеќе од 2022 година.
Експертите на ИАБ очекуваат БДП да падне за 0,6 отсто оваа година, а следната година да порасне за 1,1 отсто. Но, предуслов за повеќе работа во Германија е намалувањето на инфлацијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.