НЕВРАБОТЕНОСТА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ НАМАЛУВА: Колкав процент од луѓето се без работа?
Објавено во: Економија 06 Септември, 2024
Во Македонија се намалила невработеноста и таа сега изнесува 12.5 отсто. Ова е податокот кој го објави Државниот завод за статистика(ДЗС). Кај бројот на вработени имаме зголемување за 4.385 лица, а бројот на невработени се намалил за лица.3.142 лица.
Во второто тримесечје од 2024 година, бројот на активното население е 790.152 лица, од кои вработени се 691.736, а 98.416 лица се невработени.
Најголем број од вработените 133. 897 се во преработувачката индустрија. Нешто помалку 101.115 се во трговијата и во земјоделството каде што има 64.265 . Најмалку вработени 5.739 има во рударството. За споредба во 2020 година, невработеноста изнесувала 16.2 отсто.