Добивај вести на Viber
Стапката на невработеност во САД во јули месец паднала на најниско ниво од 2008 година, но од друга страна биле отворени само 162.000 работни места, пренесува Гласот на Америка.
Според денес објавените владини податоци, невработеноста во јули изнесувала 7,4% , што е за 0,2% помалку од јуни. Ова е најдобар износ по оној од 7,3%, забележан во декември 2008 година, во време кога земјата беше во средиштето на економската криза.
Најновата владина статистика покажува дека во САД без работа се 11,5 милион лица, што е за преку милион помалку споредено со минатата година. Ова е знак дека најголемата економија на светот бележи бавен, но континуиран растеж. Без оглед на тоа, бројот на нови работни места во јули е разочарувачки, бидејќи аналитичарите прогнозираа дека ќе изнесува 183.000.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.