Невреме доаѓа кон Македонија, ќе има обилни врнежи и опасност од град
Објавено во: Македонија 03 Август, 2023
Meтеорологот Славчо Попоски вели дека од вечерва, и за време на викендот, Џеновски циклон ќе донесе снег во Алпскиот регион и страшно невреме на Балканот, но овој пат невремето нема да ја одмине нашата држава, односно невремето ќе ја зафати и Македонија.
Од ова страшно невреме од вечерва, а особено од утре па за време на викендот на многу места во целиот регион се очекуваат интензивни врнежи од дожд, поплави, силни грмежи, ветер, како и појава на град, кој локално би можел да биде и крупен. Невремето ќе го зафати и Јадранот.
„Да напоменеме дека повторно постои опасност од појава на торнадо. Ова невреме кај нас ќе пристигне во сабота попладне и во вечерните часови и на повеќе места ќе услови интензивен пороен дожд, силни грмежи, бурен ветер, како и појава на град, кој локално би можел да биде крупен. Поради очекуваното силно невреме, препорачуваме граѓаните да бидат крајно внимателни. Од недела очекуваме и позначителен пад на температурите (за околу 10 степени некаде, а особено во северните предели и за повеќе од 10 степени). Сето ова ќе биде поради продорот на значително посвеж воздух од север, а ќе дува и засилен ветер од северен правец. За време на овој бран на врнежи и на невреме, локално ќе наврне значително количество на воден талог за релативно кратко време (над 25 л/м2). Постои опасност од локални поројни поплави! Во регионот локално ќе наврнат дури и повеќе од 80 л/м2 воден талог“, вели Попоски.
Инаку опасноста од поплави и од чести врнежи, како и од временски непогоди ќе ја има до крајот на ова лето, но и во есенските месеци. Можни се нови суперќелиски облаци и временски непогоди.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.