(ГАЛЕРИЈА) Next Door Park Hotel - Нов хотел во Скопје со урбан и храбар стил
Објавено во: Мои пари 24 Јули, 2019 13:51
На денешната прес конференција Parkland Hospitality Group
гордо го претстави својот најнов член - Next Door Park Hotel, кој што со својот
карактер и комбинација на милениумски дух и храброст претставува вистинско
освежување за Скопје. Next Door Park хотелот со 4 ѕвездички е новиот член на оваа групација и воедно
новото поглавје од успешната приказна наречена Parkland Hospitality Group.

На прес конференцијата која се одржа во просториите на новиот хотел се обратија сопствениците и генералниот менаџер на Parkland Hospitality Group и изјавија:

„Би сакал да го искажам моето огромно задоволство и чест што и понатаму нашите идеи, вложувања и инвестиции го поставуваат Скопје рамо до рамо со останатите светски метрополи кои се лидери во хоспиталити индустријата. Ова е инвестиција од нови 6,5 милиони евра со кор што ја потврдуваме и продолжуваме успешно започнатата приказна во оваа индустрија од пред З години” - изјави Енвер Малики, основач на групацијата Гемак, додека Алтин Малики, ко-сопственик во групацијата и главен виновник за успехот на веќе познатиот Park Hotel & Spa зборувајќи повеќе за новиот хотел додаде:
Next Door Park Hotel претставува
еден вид канал преку кој ги имплементираме сите наши нови идеи, искуства и
потреби коишто едноставно недостасуваат на нашиот град. Next Door Park Hotel е
продолжение на визијата, на тој начин нудејќи им на нашите посетители поширок
спектар на избор во поглед на карактер и вкусови, сето тоа преку услуга со
врвен квалитет и светски стандарди.

Генералниот менаџер на хотелот, Панајотис Колокатис како долгогодишн експерт во областа ја сподели тајната за врвен квалитет и услуга: „Ова е доказ дека не се плашиме да експериментираме, да бараме совети и мислења од нашите клиенти и да се стремиме кон повеќе. Луѓето и гостите не препознаваат, ја препознаваат нашата вредност и она што ни значи е нивната лојалност, доверба и нивното повторно и повторно враќање тука.

Хотелот се наоѓа на самиот кеј на реката Вардар на само еден чекор од сестрата компанија и веќе добро познатиот Park Hotel & Spa. Хотелот располага со 64 соби и има капацитет за 200 посетители. Секој тип на соба е засебна приказна и различен стил овозможувајќи им на гостите избор при нивното барање на сместување. Веќе постоечкиот и добро познат Brick Eat, покрај досегашните улоги на место за забава и дружења отсега па натаму во нова улога и сосема ново руво, во чекор со сите светски трендови во секој поглед, од здрава и фит храна до вкусни медитерански специјалитети кои во комбинација со модерниот ентериер се искуство кое мора да се доживее. Раскошната тераса и амбиентот на самиот кеј, создава пријатни моменти и атмосфера дури и во најтоплите денови.
Можеби ќе ве интересира
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција




