21 Септември, 2023
0.0254

„НEзаштитена пpирода“ - Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Објавено во: Мои пари 01 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии одретки и уникатниптици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус.

Територијата на Македонија е дом на преку 330 видови птици, како на пример црниот штрк во околината на Штип, водомарчето во Градскиот парк во Скопје и фламингото во Охридско езеро. Скопје може да се пофали со богата орнитофауна, а според истакнатиот научен проект eBird, во Градскиот парк се забележани дури 132 различни видови птици. 

Половина од овие птици се миграторни, што ја прави Македонија клучна раскрсница за преселниците. Со својата убавина птиците ги збогатуваат не само дивите подрачја, туку и урбаните средини, но да не го заборавиме и нивното позитивно влијание врз контрола на инсектите и разните глодари.  Сепак,недостатокот на заштита и свесност за важноста на екосистемите, претставува закана за нивниот опстанок. 

Изложбата „НЕзаштитена природа“ ќе се одвива во текот на три викенди, опфаќајќи шест градови низ целата држава, почнувајќи од 2јуни до 18 јуни. Овој настан има за цел да ја подигне свеста за важноста за зачувувањето на незаштитените природни подрачја значајни за птиците и за биодиверзитетот.

Патувачкиот караван ќе посети повеќе градови, со следниот распоред на локации и датуми на изложбата:

Штип - Дом на култура - 2 јуни, 10 часот - 18 часот

Струмица - Градски плоштад - 3 јуни, 10 часот – 18 часот

Прилеп - Саат кула - 9 јуни, 10 часот – 18 часот

Битола – Широк Сокак, Плоштад Магнолија - 10 јуни, 10 часот - 18 часот

Охрид - Шеталиште - 11 јуни, 10 часот – 18 часот

Скопје – Градски парк кај Школка – 17 јуни, 9 часот – 17 часот

Скопје – Парк Авионче (нас. Аеродром) – 18јуни, 9 часот – 17 часот

Изложбата ќе биде затворена на 27 јуни, во просториите на Централната Управа на ПроКредит Банка, со отворена аукција за изложените уметнички фотографии. Средствата собрани на аукцијата ќе бидат донирани во проекти посветени на подобрување на условите за живот на овие птици во нивните природни живеалишта.

ПроКредит Банка, како банка која веќе 20 години поставува стандарди за одржливост и одговорност, преку своите активности континуирано придонесува кон зачувување на природата и со особена чест го поддржува овој проект. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Клиниката Жан Митрев останува со старата сопственичка структура, преговорите за стратешки партнер не завршија со договор

Клиниката Жан Митрев останува со старата сопственичка структура, преговорите за стратешки партнер не завршија со договор

„МАКЕДОНИЈА2025“ И ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ ОД САД ЌЕ ДОДЕЛАТ 40 СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ СТУДЕНТИ

„МАКЕДОНИЈА2025“ И ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ ОД САД ЌЕ ДОДЕЛАТ 40 СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ СТУДЕНТИ

Колективна визија на македонските индустрии: 18 компании склучија партнерство за развој на кадрите

Колективна визија на македонските индустрии: 18 компании склучија партнерство за развој на кадрите

„Макпетрол“: потребно е заедно да кренеме глас против булингот

„Макпетрол“: потребно е заедно да кренеме глас против булингот

АНЃУШЕВ: ЧЕСТИТКИ ЗА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАЛТА

АНЃУШЕВ: ЧЕСТИТКИ ЗА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАЛТА

„Реплек“ уште еднаш се здоби со сертификатот за највисоки производни стандарди на Европската Унија

„Реплек“ уште еднаш се здоби со сертификатот за највисоки производни стандарди на Европската Унија

Пет општини ќе се справуваат со загадувањето на воздухот со помош на Шведска и УНДП

Пет општини ќе се справуваат со загадувањето на воздухот со помош на Шведска и УНДП

Одржани две книжевни средби со писателите Драго Јанчар и Даница Вукиќевиќ во „Литература.мк“

Одржани две книжевни средби со писателите Драго Јанчар и Даница Вукиќевиќ во „Литература.мк“

Бесплатни прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчињата од Општина Центар

Бесплатни прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчињата од Општина Центар