Добивај вести на Viber
Наплатата на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување се зголемува, а нашата држава остварува највисок процент на учество на изворните приходи од придонеси во вкупните приходи, од повеќе земји во регионот“ вели во интервју за МИА. директорот на Фондот за пензиско и нвалидско осигурување, Беким Незири.
Според него, ликвидноста на Фондот е добра бидејќи приходите се остваруваат во рамки на планираните со Буџетот за овој период, а Фондот врши навремена исплата на пензиите во првата недела од месецот.
“Проекциите на долг рок укажуваат на стабилна финансиска состојба на Фондот и редовна исплата на пензиите во утврдените рокови. Наплатата на придонесите во 2012 е за три проценти поголема отколку во 2011 година“ објаснува директорот Незири.
Тој потенцира дека споредено со
земјите од регионот учеството на придонесите од плата како изворни приходи на Фондот во вкупните приходи, во 2011 година во Македонија изнесувале 61,2%, во Хрватска 53,64% а во Србија 53,29%.
„Доколку овие придонеси се споредат со стапката на придонес за пензиско и инвалидско осигурување што ја имаат овие земји (2011 година, Македонија 18%, Србија 22%, Хрватска 20% ) може да се каже дека нашата држава остварува највисок процент на учество на изворните приходи од придонеси во вкупните приходи, од наведените поранешни Југословенски републики“, вели Незири.
Во Макеоднија на еден пензионер има 1,74 осигуреници, што е далеку од оптималните 3:1, но е доста подобар сооднос од земјите во регионот. На пример, во 2011 година овој сооднос изнесувал 1,53 во Словенија, 1,24 во Хрватска и дури 1,1 во Србија, објаснува директорот.
„Намалувањето на стапката на придонес ќе придонесе да ги поттикне работодавачите да отворат нови работни места, а со тоа директно да се зголемат приходите во фондовите од платите кои ќе ги исплатуваат. Ова исто така ќе влијае на зголемување на соодносот осигуреници со пензионери во иднина“, вели Незири за МИА.