НИКОЈ НЕ Е ИМУН НА КРИЗАТА: 50.000 Хрвати останаа без работа
Објавено во: Економија, Корона Вирус 04 Јуни, 2020
Корона кризата ја зголеми невработеноста во Хрватска, при што скоро 50.000 луѓе останаа без работа.
Најголем дел од нив се од секторот туризам и угостителство, трговија, преработувачката индустријa, фризери i козметичари.
Ова се случи во првите два и пол месеци од кризата, покажуваат новите податоци на хрватската Служба за вработување.
Имало вкупно 134.717 невработени во Хрватска на 16 март, денот кој се води како почеток на кризата.
Од 16 март до 2 јуни евидентирани се 49.936 нови невработени, а 43.885 се отпуштени од работа.
Хрватска не е прва земја која соопштува вакви податоци.
Невработеноста порасна во Европската Унија и во еврозоната.
Австрија сега има 11.5 отсто невработеност поради пандемијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.