19 Декември, 2025
0.1804

Никола Димитров: Предлозите на Панчо Минов вредат да се разгледаат

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2018 13:17

Добивај вести на Viber

Никола Димитров, министерот за надворешни работи, рече дека предлозите на Панчо Минов од ГРОМ се во согласност со преспанскиот договор и дека постои простор за нивно прифаќање. Ова го одговори за време на собраниската седница за отворање на амандмански измени.

Претходно, Минов кој е дел од парламентарната опозиција, наведе неколку предлози, од кои, како што вели тој, суштинско е барањето името Македонија да остане во внатрешна употреба се додека не се завршат преговарачките поглавја со Европската унија, односно се додека земјата не стане членка на оваа заедница.

- Власта и опозицијата да седнат и да најдат решение Треба да се задоволи наметнатата условеност од Грција, но и референдумското расположение на граѓаните. Треба да се определат во меѓувреме рокови и услови во амандманот и договорот да биде ратификуван во Грција, а друи потоа да се промени уставното име во Македонија откако ќе завршат процесите за зачленување во ЕУ. Сето тоа ќе има имплементација, а истото треба да го предложи опозицијата - рече Минов како единствен пратеник кој доаѓа од редовите на ГРОМ на Стевче Јакимовски.

Првиот дипломат Димитров како повикан на говорницата реплицираше дека сите услови може да бидат прифатени од Грција и меѓународната заедница.

- Предлогот е во рамките на Спогодбата од Преспа, таму тој не се коси со ниту еден член. исто така националниот идентитет може да биде гарантиран, а државјанството според конвенциите е правна врска на граѓанинот и државата. Исто така и историската комисија која се формира нема да загрози ничиј идентитет, туку ќе се отстранат оние наративи кои поттикнуваат омраза кон другиот - рече Димитров.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица