Никола Груевски не дојде на рочиште, Фатиме Фетаи побара притвор
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2018 13:29
Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи на денешното рочиште за случајот „Насилство во Центар“, побара на обвинетиот Никола Груевски да му се определи мерка притвор.
– „Неспорно е дека вчера во случајот „Т.Н.Т.“ на обвинетиот Груевски веќе му е определен притвор и сосема логично е да се очекува дека таква мерка би му била определена и во другите предмети во овој суд. Сметам дека е неопходно мерката да биде определена и во овој предмет. При негово притворање во Република Македонија, по барање за притвор во еден од предметите, за другите предмети ќе се укине барањето“, рече Фетаи.
Адвокатот на Никола Груевски, Димитар Дангов, по барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерка притвор за Груевски, рече дека поранешниот премиер бара азил во Унгарија и не постои можност од избегнување на присуство на рочиштата за овој предмет.
Судијата Душан Јосифов, кој ја води постапката за овој предмет, по барањето на СЈО за одредување
мерка притвор за Груевски, рече дека со оглед на тоа оти обвинетиот е пратеник во Собранието, судот по
барањето ќе одлучи по добивање на одговор по барање за мерка притвор за пратеник.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




