Никола Груевски треба да се јави во кумановскиот затвор?
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2018
Поранешниот премиер и екс претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски затворската казна од две години ќе треба да ја издржува во затворот во Куманово, и во него да се јави на 9. ноември, дознава ТВ21 од неофицијални извори.
Груевски беше прогласен за виновен во случајот „Тенк“ за незаконско влијание и злоупотреба на фондови од јавниот буџет. Груевски е обвинет за вршење притисок врз службениците на Министерството за внатрешни работи на Македонија, за набавка на луксузниот автомобил „Мерцедес“ во вредност од 600 илјади евра.