15 Декември, 2025
0.0690

Никола Спасов го мери рејтингот на партиите, а сега ќе произведува и струја

Објавено во: Економија 14 Јули, 2023 07:45

Добивај вести на Viber

Никола Спасов, сопственикот на агенцијата „Рејтинг“ за мерење на јавното мислење и организирање промотивни активности, стана сопственик на нова компанија за производство на електрична енергија „Гама Солар“.

Барањето било поднесено на 26 мај, а на 7 јули се олдржала подготвителна седница, за одобрување на регистрацијата на компанијата која ќе треба да ја гради својата фотоцентрала, а покрај Спасов, основач на „Гама Солар“ е и микро-претпријатието Солар ЕТ кое во 2018 направило обид да произведува соларни панели.

По три дена Регулаторната комисија за енергетика, на 10 јули, одржала редовна седница, на која со одлука му одобрила привремена лиценца за изградба на прва фотоцентрала во околината на Кавадарци под име „Гама Солар1“ со моќност од 2,18 мегавати, што е релативно висок производствен капацитет.

Спасов во телефонскиот разговор ни потврди дека одлучил да вложува во овој бизнис и ни рече дека неговата намера да инвестира во овој сектор не е ништо посебна во однос на другите јавни личности кои донеле одлука да вложат во производство на електрична енергија од обновливи извори.

Инаку агенцијата „Рејтинг“ на Спасов често е ангажирана за осмислување и реализација на активности и промотивни дејности, за консултантски услуги за оцена на успешноста на реализацијата на програмските активности со редовно, или по потреба, спроведување на анкети за институциите.

„Рејтинг“ на Спасов изминатиот период организираше завршни конференции и настани за промовирање на државата, но го истражуваше и јавното мислење за активностите на разни централни и локални институции. Пред избори, но и во меѓувреме, редовно го мери рејтингот на политичарите и партиите.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден