21 Јануари, 2025
0.0312

Србов: Вмешувањето на амбасадорите е нарушување на суверенитетот

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Обраќањето на поранешниот премиер Никола Груевски, во кое тој  беше повод да земеме ставови од повеќе македонски аналитичари „Нема да дозволиме функиционирање на институции кои го немаат лигитимитетот на граѓаните. Државата мора суверено да ги носи одлуките. Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата, тоа мора да запре“, рече вчера Груевски, со што тој им упати порака на амбасадорите кои вчера беа на средби со него.


Став Никола Србов, аналитичар:

На целата македонска јавност и беше повеќе од јасно дека странските претставници во Република Македонија започнаа да излегуваат надвор од рамките на нивните ингеренции. Вмешувањето индицира нарушување на суверенитетот на државата, а суверенитетот не смее да биде ставен под личниот или партискиот интерес на било кој во оваа држава, тој е есенцијалната компонента која карактеризира една држава.

Носител на суверенитетот се граѓаните, преку газењето на гласот на граѓаните се урива суверенитетот да државата. Соработката меѓу државите треба да биде во согласност со пропишаните норми, блиската историја ни кажува дека токму ВМРО ДПМНЕ беше партијата која прва презема иницијатива за интеграрирање на Македонија во евроатлантските организации и за градење тесна соработка со земјите од Западна Европа и САД, впрочем и документите од почетокот на плурализамот ни го потврдуваат истото, но тоа не смее да биде на сметка на суверенитетот.

 Во контекст на надворешното мешање во државата беше и делот каде се говори за невладините организации под капата на Фондацијата отворено општество. Овие невладини организации финансирани од еден центар извршија монопол врз секторот, не може да има здрав невладин сектор доколку тој е оркестриран, а уште помалку доколку тој работи во интерес на одредена политичка партија, тоа е уривање на се она што значи невладин сектор.


Можеби ќе ве интересира

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски