Добивај вести на Viber
Србија е сериозно посветена на евроинтеграциите, земјата никогаш нема да го признае Косово и од ЕУ очекуваме да остане неутрална, истакна денеска претседателот на Србија, Томислав Николиќ, во разговор со украинскиот претседател Виктор Јанукович.
- Србија со ЕУ преговара со сериозни отстапки, но постојат прашања за кои нема преговори - изјави српскиот претседател.
Според Николиќ, постои еден услов што Европа не го постави на Србија и за кој дури била принудена да изјави дека е статусно неутрална, иако така понекогаш не се однесува.
- На тој „непоставен услов“ одговорот на Србија е дека никогаш нема да ја прифати независноста на Косово - истакна Николиќ.
Николиќ се наоѓа во посета на Киев, каде присуствува на одбележувањето на 1.025 години од примањето на христијанството.