Николоски: Единаесет нови авиодестинации, Скопје и Охрид ставени на светската мапа
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2025 21:39
Туризмот расте со силно темпо како резултат на 11-те нови авиодестинации што ги воведовме, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто во емисијата „Јади бурек”.
Како што вели, Скопје веќе е ставено на светската мапа.
„Откако сме избрани имаме 11 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Само во мај месец имаме за 101 илјада повеќе туристи отколку во мај месец лани. Туризмот расте со најголемо темпо во државата, 20 отсто раст има во споредба со минатата година и град број 1 за туризам е Скопје, а Охрид е број 2, што за мене е логично затоа што начинот на туризам се менува“, рече министерот.
Николоски кажа дека има позитивно мислење од УНЕСКО за реконструкција за аеродромот во Охрид. Тоа би почнало наесен.
Можеби ќе ве интересира
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата




