Николоски: Волку драматична грешка досега не се случила
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2022 11:56
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од собраниската говорница посочи дека како пратеници „и плукаме на државата за уште едно вработување, за некоја услуга плус.
Тој се осврна на францускиот предлог со зборовите „ова што се случува денес е криминал за цело население“.
Николовски во своето обраќање изјави дека од основањето на Бугарија, било да е тоа Бугарското кралство, кнежевство, или денешна република, нивната позиција и стратегија се исти и непроменети.
- Без разлика дали Бугарија била кнежевство, царство или денес република, стратегијата е иста. Таа е дека меѓу Македонија и Бугарија има вештачка граница, и дека таа треба да се урне и дека ние сме народ со бугарски дијалект. Многумина тоа не сакаат да го видат, но деновиве пред нас тоа ќе се покаже. Со протоколот се она што сте го учеле, сме го знаеле, ќе треба да го промениме. Тоа е трага и белег кој ќе остане по нас и генерации ќе не прашуваат зошто го направивме тоа - кажа Николоски
Тој исто така посочи дека многумима ќе го игонрираат ова што го збори, и дека знае „како е кога слепо се тераат некои работи“.
- Но, оваа и ваква грешка, волку драматична грешка не се случила, оти никој досега не отишол волку далеку. Од Киро Глигоров па до денес. Ова што Бугарија го бара, не е од вчера, не е од денес, туку е идеологија со децении... Ова сега е тапшање по рамо... се можеше да е поразлично, ако имавме јасен став. Ние го дадовме нашиот став - дополни Николоски.
Тој во име на ВМРО побара да се избришат збоовите во предлогот со кои ЕУ ги прифаќа барањата на Бугарија за нашиот јазик, и истакнува дека барањата на Бугарија ќе бидат јазикот да не се ословува како македонски јазик, туку како јазикот на народот кој зборува во Северна Македонија.
- Претходно ова не беше став на ЕУ, туку анекс, кога Бугарија стави вето на нашиот пристап... сега тоа е став на ЕУ. За некоја година тие ќе го претворат нашиот јазик во нивни дијалект. Додека не се избрише обврската историјата да ни е јамка околу вратот во преговорите. Бараме да нема промена на Устав, не е со чесми намери, бидејќи има јасни империјалистички намери. Ако се обединевме како општество, никој немаше ништо да ни направи. Ние се поделивме како народ, за ден повеќе, за привилегија повеќе, но ова е и пораз на сите нас. Ќе ве пече и ќе ви стои ова предавство многу долго - кажа Николоски.
Фото: Принскрин
Можеби ќе ве интересира
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите
Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...
И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат




