05 Декември, 2025
0.0660

„Ниту еден денар не фали. Оваа драма на ВМРО-ДПМНЕ е да си создаде алиби за кредитот од Унгарија“: Лукаревска со остар тон за ребалансот

Објавено во: Финансии 18 Јули, 2024 14:47

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ успеа за еден месец на власт да сруши стабилни економски политики коишто Социјалдемократскиот сојуз макотрпно ги градеше изминатите седум години во услови на економска и ковид криза. 

Ова го истакна пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната прес конференција посветена на ребалансот на Буџетот што Министерството за финансии го презентираше вчера.  Добивај вести на вибер     

- Со буџетот се предвидува буџетски дефицит од неверојатни 4,9% и покачување на јавниот долгот на 68%. Само овие две бројки потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има намера да ја води државата во погрешен правец. Уште со првиот ребаланс, ВМРО-ДПМНЕ го руши она што макотрпно го градевме во соработка со меѓународните финансиски институции, а тоа е стабилен и оджрлив финансиски систем“, изјави Лукаревска.  

Лукаревска ги презентираше сите небулози на ребалансот и даде одговор зошто тие се штетни за државата и за економијата.  

„Во седум години владеење, од кои пет во ковид и економски кризи, СДСМ успеа да го намали буџетскиот дефицит на 3,6% и да го намали јавниот долг до 55%. Сега ВМРО-ДПМНЕ го покачува дефицитот за цели 36%, а јавниот долг на ризични 68%. Овој процент на јавен долг е спротивен на Мастришките декларации и сериозно ќе го наруши кредитниот и финансискиот рејтинг на земјата“, истакна Лукаревска.  

Јавноста треба да знае, дека и покрај сите апокалиптични економски години низ кои СДСМ ја водеше државата, сепак успеа финансиски да ја консолидира, потенцира Лукаревска.  

„ВМРО-ДПМНЕ со овие буџетски политики ќе направи хаос и ќе создаде зависност од кредитирање. Не постои ниеден сериозен финансиски експерт или макроекономист кој овој буџет го смета за оправдан“, децидна е Лукаревска.  Лукаревска најави дека ставовите изнесени на денешната прес-конференција се првични согледувања и дека ребалансот на Буџетот СДСМ детално ќе го анализира во Собранието.

Лукаревска вели дека обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат 500 милиони евра е лага со која партијата сака да го оправда финансискиот колапс кој следува. Пратеничката на СДСМ истакна дека драмата од ВМРО-ДПМНЕ е неуспешен обид да се исплашат граѓаните, а доказот за тоа е алатката Отворени финансии.

- До моментот на изборите, ако отидете на Отворени финансии, алатката за транспарентност која СДСМ ја воведе, ќе видите дека за сите трошоци се предвидени средства. Ниту еден денар не фали. Оваа драма која ни ја сервира ВМРО-ДПМНЕ е само за политички потреби. Ниту е точно дека снемало пари ниту дека не се знае каде се. Обвинувањата дека институциите ќе се занимавале со ова се паушални и без основа - истакна Лукаревска.

Пратеничката Лукаревска на денешната прес конференција потенцираше дека причината за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ е очигледно. Прво, за да се создаде перцепција дека СДСМ направил хаос со цел граѓаните да се помират со тоа што ќе нема пари за нив, а второ е ВМРО-ДПМНЕ сака да си создаде алиби за кредитот од Унгарија.

Еве го целото нејзинот обраќање:

Фото: Принтскрин/Јутуб

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката