23 Ноември, 2024
0.0289

Од 23 до 5 наутро да не работи ништо ниту, пекарници, сендвичарници, кафулиња: Комисијата со ваков предлог в понеделник кај Заев

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Комисијата за заразни болести в понеделник, по редовниот состанок ќе имаат и средба со премиерот Зоран Заев, на кого ќе му предложат одредени рестриктивни мерки, истакнуваат извориу на Фактор од Комисијата за заразни болести.

-Денеска не препорачуваме ништо, оставивме да видиме како ќе се движат бројките на новозараени и за време на викендот, но генерално разговаравме да предложиме до Владата мерка која ќе се однесува на работењето на сите угостителски објекти, маркети, сендвичарници, пекарници и така натаму. Нашиот предлог ќе биде од 23.00 до 05.00 часот ништо да не работи или тоа ќе биде дури и од 22.00 до 05.00 часот, но нема да има ограничување на движењето. Ако сака некој  да си се шета, нека се шета во ноември, декември, но нема ништо да работи. Целта е да го намалиме групирањето во затворените објекти, каде што ризикот е многу поголем за ширење на заразата. Исто така ќе предложиме и рестрикции во однос на јавниот превоз, велат за фактор од Комисијата за заразни болести.

На денешниот состанок присуствувале и претставници од студентите кои се шеста година на Факултетот по медицина, и тие ќе помогнат во работата на епидемиолозите за да може навреме да се даваат резултатите. Ќе работат во подготовка на епидемиолошките анкети, а ќе бидат распоредени во Центрите за јавно здравје, во Институтот за јавно здравје, како и во Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

А.Б.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР