„Њујорк тајмс“: Хрватската економија е неподготвена за конкурецијата во ЕУ
Објавено во: Свет 26 Јули, 2013
По повод промовирањето на Хрватска за 28 член на Унијата, угледниот дневен весник „Њујорк тајмс“ прашува дали таа земја е примена прерано, дали е подготвена и дали и натаму е премногу корумпирана.
Според тоа како Хрватска ќе се покаже во Европската унија, во која е примена на 1 јули, многу зависи дали нејзините балкански соседи ќе добијат шанса да се докажуваат во истото дрштво, пишува „Њујорк тајмс“.
Весникот потсетува дека во 2007 година во ЕУ се придружија Бугарија и Ромнија, а во ЕУ набрзо сфатија дека овие две земји не биле подготвени за членство.
Официјални Софија и Букурешт до сега не ги решија проблемите поради кои нивното членство беше доведено во прашање, како што е корупцијата, слабата економија и политичката нестабилност.
Доколку се покаже дека Загреб навистина бил грешка, тогаш останатите балкански земји ќе мораат многу подолго да ја чекаат својата шанса.
„Њујорк Тајмс“ оценува дека хрватската економија е неподготвена за конкурецијата во ЕУ, дека државата е корумпирана и притисната од голем број неспособни бирократи.
Во Хрватска сапката на невработеност е 20 отсто, а земјата со години е во рецесија. Според податоците на организацијата Транспаренс интернешнел Хрватска е на 62 место меѓу 176 земји рангирани според ефикасноста на борбата против корупција.
Останува да се види што Хрватска ќе направи со 14 милијарди евра помош, колку што би можело да добие во 2014 до 2020 година.
Доколку тие пари завршат на сомнителни сметки или бидат префрлени во сефовите во даночите раеви, тоа се лоши вести за остатокот од Балканот, оценува весникот.
Многу европски функционери оценија дека неуспехот на Хрватска најверојатно ќе ја затвори на ЕУ за останатите земји од Балканот, но и истакнуваат дека успехот на Загреб би поттикнал понатамошно ширење.
„Важно е не само да продолжи политиката на проширување, туку и да се зајакне кредибилитетот на оваа политика“, изјави неодамна еврокомесарот за прошиување Штефан Филе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.