15 Мај, 2024
0.0283

НЛБ Банка - единствена банка со можност за достава на пензиите на домашна адреса

Објавено во: Економија 21 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Сите клиенти - пензионери на НЛБ Банка имаат единствена можност нивната пензија да им биде доставена на домашната адреса. Заинтересираните за оваа услуга потребно е да поднесат барање во најблиската експозитура на Банката и да приложат важечки документ за лична идентификација.

Клиентите секогаш се главна грижа на НЛБ Банка и со оваа услуга сакаме уште повеќе да им го подобриме корисничкото искуство. Свесни сме дека сите не секогаш се во можност да посетат експозитура или банкомат за да ја подигнат својата пензија, особено доколку  живеат во руралните средини, и со доставата на домашна адреса се надеваме дека ќе излеземе во пресрет на што повеќе граѓани. Исто така, со оваа опција обезбедуваме и заштита во услови на пандемија - истакнуваат од НЛБ Банка.

Оваа можност е дел од Сребренот пакет на Банката, наменет за сите пензионери кои својата пензија ја примаат на сметка во НЛБ Банка. Преку овој пакет, на корисниците им е загарантирана исплатата на пензијата на првиот работен ден во месецот, како и користење на други продукти и услуги на Банката со поповолни услови: дозволено пречекорување на трансакциска сметка до две пензии, користење на кредитни картички со лимит до три пензии, кредитни и депозитни продукти со поповолни каматни стапки.

Сите заинтересирани клиенти дополнителни информации можат да добијат на следниот линк

Можеби ќе ве интересира

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој