05 Декември, 2025
0.0317

НЛБ Тутунска: расте добивката и заштедите, но и резервациите за лошите кредити

Објавено во: Финансии 21 Август, 2014 08:11

Добивај вести на Viber

Добивката изнесува 5,7 милиони евра односно просечно дневно таа банка прави печалба од 31.830 евра! „НЛБ Тутунска банка“ оствари добивка од 353,2 милиони денари (5,73 милиони евра) во првата половина годинава, покажуваат финансиските извештаи на едната од трите најголеми банки во земјава. Овој резултат значи добивка од 414 денари за акција што во однос на последната пазарна цена на таа акција изнесува потенцијален принос од 9,4 отсто. Во споредба со лани овој резултат на НЛБ е подобар за 21,4 отсто. Од билансот на успех забележливо е дека банката успеала да ги зголеми приходите од камати за 31 милиони денари во споредба со ланското прво полугодие и тие изнесуваат 1,64 милијарди денари. Нето приходот од камати за овој период е 998,2 милиони денари и во споредба со истиот период лани е подобар за солидни 128 милиони денари (над 2,1 милиони евра). Кај нето приходите од надоместоци нема некое значајно зголемување и тие изнесуваат 446,6 милиони денари. Во првата половина на годинава кредитните пласмани на банката изнесуваат 36,27 милијарди денари и во споредба со истиот период лани се зголемени за 920 милиони денари што претставува раст од 2,6 отсто на кредитите. Паралелно со ова во истиот период менаџментот на банката вложил дополнителни 900 милиони денари во хартии од вредност, пред се во државни записи и обврзници. Растот на таа база годинава во споредба со истиот период лани изнесува 12,5 отсто. Ова покажува дека деловната политика на банката има ист третман при кредитирање на компании и население од една страна и при  вложување во хартии од вредност (пред се издадени од државата) од друга страна. Заради тоа што речиси исти износи се вложени во кредитирање на компании и граѓани и зајмење на државните органи. Ако се гледа во проценти сепак приоритет на менаџментот на банката е вложување во државни хартии од вредност. Ова ја наметнува дилемата: дали пазарот на капитал при вложување во приватен сектор и во граѓански заеми е заситен или пак потенцијалот на државните заеми е повисок штом банкарите се одлучуваат да вложуваат солидни суми во тие финансиски инструменти. Значајно за истакнување е и тоа што депозитната база во НЛБ Тутунска банка во вој период е зголемена за 1,2 отсто односно 720 милиони денари и на крајот на првото полугодие таа изнесува 47,58 милијарди денари. Ова укажува на тенденција на раст на довербата на граѓаните во банката што веројатно се должи на успешна деловна политика во креирање на примамливи понуди за актуелни и нови штедачи. Потенцијалните обврски на банката согласно со билансите изнесуваат 11,22 милијарди денари и се пониски за 900 милиони денари во споредба со лани. Билансите покажуваат дека кај банките е присутна тенденцијата на раст на резервациите за потенцијални тешко наплатливи кредити. НЛБ Тутунска банка во ова шестмесечје за таа намена издвоила 536,5 милиони денари што е раст за 123 милиони денари (околу 2 милиони евра) во споредба со истиот период лани. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката