19 Декември, 2025
0.0494

Ноев: Бродот во Скопје тоне, Македонија нема повеќе иднина на унитарна држава

Објавено во: Македонија 09 Март, 2017 17:09

Добивај вести на Viber

Македонија треба итно да побара превентивна и стабилизирачка мисија на Европската Унија во земјата, изјави поранешниот министер за одбрана и амбасадор на Бугарија во НАТО, Белгија и Луксембург, Бојко Ноев, за бугарската новинска агенција „Фокус“.

Писмото на претседателот Ѓорге Иванов до Европскиот совет, САД, НАТО и до Турција, Ноев го оценува како „своевиден СОС-сигнал испратен до меѓународната заедница дека бродот во Скопје тоне“.

„Тоа е драматично признание дека земјата е на работ на целосно безвластие. Политичката криза, која ја набљудуваме веќе подолго време, ескалира до состојба во која Република Македонија практично го губи својот суверенитет“ - смета Ноев.

На прашањето дали причините за ваквата состојба се надворешни, како што тврди Иванов во писмото, Ноев вели дека причините во најголем дел се внатрешни и не се едноставни.

„Владејачката елита остави сè да потоне поради комплексот на инфериорност, геополитичката кусогледост, провинцијализмот и личната алчност. Тоа ја ослабна и дополнително ја подели земјата и денес ги гледаме резултатите. Се разбира, има и надворешни причини, кои сепак се второстепени. Ако си силен внатре, однадвор не можат да те уплашат“ – вели Ноев. 

Тој заклучува дека Македонија нема повеќе иднина на унитарна држава, додавајќи дека кантонизацијата веќе почнала практично да се спроведува и прашањето е дали конечната разделба ќе се оствари по мирен или по насилен пат.

Интересот на Бугарија, вели Ноев, е во Македонија да нема недостиг на државност, да нема војни и насилство, кои, како што нагласува, ќе се рефлектираат и на неговата земја – физички и емоционално.

Тој вели дека им е важно во Македонија да биде мирно, затоа што според него во земјава живеат илјадници Бугари. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината