21 Ноември, 2024
0.0421

„Номагас“ го затвора тендерот за избор на изведувач за гасоводот со Грција

Објавено во: Економија 20 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Номагас АД Скопје денеска го затвори тендерот за избор на изведувач на градежни работи за изградба на гасоводот за интерконекција помеѓу Македонија и Грција. Проектот е еден од најзначајните инфраструктурни зафати во енергетскиот сектор како во државата така и во регионот, кој треба да обезбеди алтернативен извор на природен гас и диверзификација на снабдувањето.

Крајниот рок за прием на понудите беше 20 ноември. На тендерот се јавија 5 компании од кои 4 (четири)странски и 1-на (една) домашна компанија. Меѓу пристигнатите понуди една е од домашна компанија, две се од италијански компании и по една понуда од компании од Турција и Србија.

„Тендерската постапка беше отворена, а компанијата која ќе биде избрана ќе има рок од две години за изградба на македонскиот дел од интерконекторот, во должина од 67 километри. Се очекува до крајот на годината да биде финализиран изборот, како и потпишувањето на потребните договори, со компанијата која ќе ги изведува градежните работи, со што, според очекувањата, изградбата ќе започне напролет. Средствата за изградба на интерконекторот се обезбедени преку кредити и грантови од меѓународни финансиски институции, меѓу кои Европската инвестициска банка (28,9 милиони евра), Европската банка за обнова и развој (44 милиони евра), инвестициски грант преку ВБИФ (9,9 милиони евра), како и техничка помош (100% грант) преку програмата ВБИФ за надзор, инспекциско тело и административна помош за НОМАГАС АД Скопје“, велат од Номагас. 

Гасоводот ќе овозможи не само транспорт на природен гас, туку и водород, со што ќе се придонесе кон транзицијата кон зелена енергија и исполнување на европските стандарди.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ДЕМАНТ ОД ЗК ПЕЛАГОНИЈА: Судот никогаш не покренал никаква постапка за стечај

ДЕМАНТ ОД ЗК ПЕЛАГОНИЈА: Судот никогаш не покренал никаква постапка за стечај

СЛОВЕНИЈА СО НАЈНИСКА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕУ: Во Романија се случи обратното

СЛОВЕНИЈА СО НАЈНИСКА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕУ: Во Романија се случи обратното

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Поскапе минималната кошничка

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Поскапе минималната кошничка

Хотелскиот менаџер Никола Соколовски е назначен за нов директор на ГТЦ

Хотелскиот менаџер Никола Соколовски е назначен за нов директор на ГТЦ

Отворена стечајна постапка за најголемиот земјоделски комбинат ЗК Пелагонија, сметката е блокирана повеќе од 45 дена

Отворена стечајна постапка за најголемиот земјоделски комбинат ЗК Пелагонија, сметката е блокирана повеќе од 45 дена

РАБОТА ОД ДОМА ЗА TESLA, ИЛОН МАСК ЈА ОТВОРА ВРАТАТА ЗА ТАЛЕНТИ ОД ЦЕЛ СВЕТ: Годишната плата достигнува и до 270.000 долари

РАБОТА ОД ДОМА ЗА TESLA, ИЛОН МАСК ЈА ОТВОРА ВРАТАТА ЗА ТАЛЕНТИ ОД ЦЕЛ СВЕТ: Годишната плата достигнува и до 270.000 долари

Дурмиши: „Новогодишна кошничка“ од 15 декември, трговците сами ќе кажат кои производи ќе поевтинат

Дурмиши: „Новогодишна кошничка“ од 15 декември, трговците сами ќе кажат кои производи ќе поевтинат