ДЕМАНТ ОД ЗК ПЕЛАГОНИЈА: Судот никогаш не покренал никаква постапка за стечај
Објавено во: Економија 20 Ноември, 2024
Во текстот со наслов „ЗК „Пелагонија влегува во стечај, објавен на порталот „Faktor.mk, на 20.11.2024 година се изнесени невистинити тврдења за факти кои предизвикуваат штета на угледот на акционерското друштво ЗК Пелагонија.
Имено, тврдењето дека „ЗК Пелагонија влегува во стечај, е целосно неточен, тенденциозен и остро го демантираме. Судот никогаш не покренал никаква постапка за стечај против акционерското друштво туку бил оформен предмет по добиена пријава, дотолку повеќе што ЗК Пелагонија ја има сервисирано својата обврска кон добавувачот кој го споменувате, а со тоа, нема ниту можност да се поведе стечајна постапка по барање на компанијата „Бетон.
Комбинатот нема земено ниту едно евро кредит, а со тоа, тврдењето дека „ЗК Пелагонија АД е неликвидно е неточно. За тоа говори и фактот што комбинатот продолжува со своето редовно работење и финализирање на есенската сеидба. Во моментов се посеани 6500 ха есенски култури, што во услови на незапаметена суша во последните години е голем успех за сите вработени и за комбинатот, кој и покрај ниските приноси и финансиски приходи од пролетните култури, успешно ќе ја заврши сеидбата на пченица.
Бараме овој демант да биде објавен и споделен на истите места каде што претходно беше пласиран текстот во рок од 48 часа, јавно да се извините и да ја отстраните/корегирате објавената содржина, со оглед дека се прави непоправлива штета на ЗК Пелагонија со пласираниот текст.
ЗК Пелагонија ја почитува новинарската професија и е секогаш отворена за новинарите и јавноста, и затоа Ве повикуваме согласно новинарските правила да бидеме контактирани како втора страна, со цел да не се прави штета врз нашето реноме со вака пласирани невистини.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.