НОСЕЛЕ АВТОМАТСКА ПУШКА И РАМКА ЗА ПУШКАТА: Уапсени две лица на патот Арачиново-Брњарци
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2025 18:19
При преглед на автомобил на патот Арачиново-Брњарци, полицијата затекнала две лица кои носеле автоматска пушка и рамка за пушката.
„На 26.10.2025 во 16:20 часот на локален пат од село Арачиново кон село Брњарци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција ги лишија од слобода Ќ.И. (33) од Куманово и Е.И. (65) од с. Грушино. При преглед на патничко возило „ауди“, кое го управувал Ќ.И., а Е.И. бил сопатник, пронајдена е автоматска пушка и една рамка за пушката“, соопшти МВР.
Лицата се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




