04 Декември, 2024
0.0267

НОВ БУЏЕТ: Во 2014 Владата ќе има на располагање скоро 3 милијарди евра!

Објавено во: Финансии 21 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

До година Владата ќе го троши најиздашниот буџет до сега – од скоро 3 милијарди евра. Со мнозинска поддршка од  67 гласови “За“, Собранието го усвои Буџетот за 2014 та. Опозицијата оцени “секој глас за овој буџет значи глас за поддршка на расипничко трошење“. До година, Владата планира да потроши 2,9 милијарди евра, а да собере 2,5 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5% од Бруто Домашниот Производ или во апсолутна бројка од скоро 300 милиони евра. Македонија ќе оди во развој или во дупка без дно ?
„Ние во нашиот мандат во услови на криза успеавме да отвориме повеќе од 4 000 работни места во новите фабрики и дополнително ќе се обезбедат уште 7 000 до крајот на реализацијата на планираните инвестиции. Во овие седум години Македонија оствари просечна стапка на раст на БДП од 2,8%, што е петти најдобар резултат во Европа. Само четири земји, Турција, Полска, Словачка и Црна Гора имаат повисок просечен економски раст од земјава, а 30 други земји во Европа се зад нас.“ – изјави министерот за финансии Зоран Ставревски на завршницата од собраниската дебата за усвојување на новиот Буџет за 2014 та година.
Со 67 гласови “за“ Буџетот е усвоен. Опозицијата не го поддржа.
„Да се гласа за Буџетот на Ставрески и Груевски, значи да се гласа за валканиците на ВМРО-ДПМНЕ кои се чувани под тепих.  Но тој тепих веќе станува крпеница. Се отвораат дупки, кои не можат да се закрпат со веќе искинатиот конец. Ако се продолжи со сегашната политика, ќе ја снајде и Македонија грчкото сценарио затоа што со сите задолжувања земјава станува дупка без дно“ - рече пратеникот на СДСМ, Горан Минчев.
Непродуктивните трошења и амбициозните проекции беа во фокусот на собраниската петдневна дебата за Буџетот. Годинава немаше употреба на сила – но правото ни беше ускратено преку деловникот, обвинуваат пратениците од опозицијата. „Поради диктаторскиот и тоталитарен  договор нас не ни беше дозволено да зборуваме и да си ги браниме амандманите за неколку проекти. Еве дел од нашите предлози, на пример за Панорамското тркало за кое ќе се потрошат 12 милиони евра, градоначалникот на Скопје поднесува барање на субвенции за Јавното сообраќајно претпријатие од 50 милиони денари, односно на претпријатие што е во минус да му даде субвенција, а тоа во исто време да го гради Панорамското Тркало. Мислам дека е подобро наместо Панорамското тркало да се изгради основно училише во Центар, градинката во Аеродром, да се реконструира средното училиште во Ѓорче Петров и да се изгради инфраструктурата во економската зона Визбегово. “ – рече пратеникот Јани Макрадули и го праша министерот Ставрески:
„Кажете ми кој е ќарот на граѓаните од Панорамското тркало што треба да го гради фирма во загуба. Тој најгоре што ќе се сврти ќе дише чист воздух.“
Во наше време се гради – што се случуваше во вашето време, возврати првиот финансиер.
„Инвеститорите не доаѓаа во ваше време, не споменувајте работи што не ви одат во прилог, довербата кај инвеститорите ја вративме. Вие не споменувате дека во мандатот на оваа Влада, освен проектот Скопје 2014 та има преку 50 милиони евра инвестиција во патничкиот Коридор 10, не споменавте дека има инвестиција за набавка на медицинска опрема од 2 милијарди денари, не спомнувате дека има инвестиција за реконструкција и доградба на јавните здравствени установи од 1,7 милијарди денари, не споменавте дека се изградија рурални амбуланти и ПЕТ центарот, има инвестиции и во спортски објекти. Ова е време кога се гради во сите сектори а имаше друго време во кое не се градеше Скопје 2014 та,  но за жал не се градеше ниту други работи. “ – рече министерот.
Албанската опозиција со порака до ДУИ дека подржува уште еден антиалбански и дискриминаторски буџет. Фазлиу Беким , пратеник од ДПА оцени :
„Денеска зборуваме за шестиот буџет на владата на ВМРО ДПМНЕ – ДУИ и десеттиот буџет на ДУИ, односно четири буџети правеше со СДСМ и сите овие буџети имаат едно нешто заедничко, а тоа се буџети што дискриминираат и ги крадат Албанците.  Кои се тие што ги ограбуваат Албанците? Арамиите што ги ограбуваат се пратениците и министрите на ДУИ кои 6 години по ред гласаат антиалбански буџет, а со тоа го газат трудот и потта на Албанците. ’ – изјави Фазлиу.
И ДПА не го поддржа Буџетот за 2014 та година. За буџетарите, социјалците и администрацијата – повеќе пари! За пензионерите и административците новиот Буџет носи добри вести за повисоки пензии и плати. За стопанствениците – нов предизвик, во 2014 та бизнисот треба да испорача економски раст од 3,2 отсто. Еве дел од новите буџетски проекции : Раст на БДП              3,2% Инфлација                3,3% Буџетски дефицит  3,5% од БДП Јавен долг                33, 6% Најголем удел во растот треба да има домашната побарувачка предводена од бруто-инвестициите во кои и натаму значајна улога би имале капиталните инвестиции од Буџетот. Владата оценува дека ќе продлжи со ниското ниво на јавен долг кое ќе биде резултат на  дисциплинирана фискална политика. Според пресметката, дури 1,5 милијарди евра од новиот буџет повторно ќе завршат за финансирање на плати за администрацијата и за социјални надоместоци. Еве дел од најиздашните буџетски ставки: Плати                                  384 милиони евра Социјални транфери     1,2 милијарди евра Стоки и услуги                 303 милиони евра Капитални расходи         364 милиони евра Дел од бизнисмените ја поздравија одлуката за повисоки плати, пензии и социјални надоместоци. Дел сметаат дека тоа е меч со две острици.
„Клучно прашање, според мене е како ќе се менџираат вработувањата во државниот апарт и колку пари ќе се предвидат за тоа. Администрацијата повеќе не може да апсорбира нововработени, стопанството е тоа кое може да ги конзумира“ – велат од Комората на Северозападна Македонија.
Бизнис заедницата останува на ставот дека  клучен предуслов за економски раст е политичка и економска стабилност.
„Сметам дека немањето на политички консензус за развој на економијата е една од главните препреки. Премногу време се губи на јалови дебати, дискусии и судири меѓу власта и опозицијата, а несуштински прашања.  Ако на ова се додаде и континуираниот процес на меѓуетнички и меѓуверски усогласувања, без притоа да се фокусираат работите кон создавање на услови за подобар живот и бизнис на сите граѓани, имаме една целосно непродуктивна средина која реално не може да испорача економски резултати. “ – вели стопанственикот Венко Глигоров.
Колку и дали владините проекции исцртани во новиот Буџет ќе се остварат дополнително ќе се анализира, но она на што упати домашната и странската експертска јавност се задолжувањата и потребата од нивна сериозна контрола. Буџетскиот дефицит проектиран на 3,5% догодина е практично помал во однос на годинашниот од 3,9%, но меѓународните финансиски институции веќе упатија порака дека тој треба да се намалува. Економистите го оставаат отворено прашањето колку Македонија ќе има кондиција редовно да ги севисира сегашните и идните долгови. А.Д.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

МВР го појача возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го појача возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра