Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје го именуваше Гоце Вангеловски за нов член на Управниот одбор на Банката

Објавено во: Финансии 31 Март, 2023
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлука на 116-тата седница одржана денеска, 31.03.2023 година, го именуваше Гоце Вангеловски за нов член на Управниот одбор на Банката, соопшти банката.
Вангеловски, кој моментално ја извршува функцијата Помошник на Управниот одбор, функцијата ќе ја преземе откако ќе ја добие лиценцата од Народната банка.
„Вангеловски се приклучи на НЛБ Банка Скопје во април 2022 година. Неговото академско образование е економија во областа на финансиски менаџмент и сметководство. Има 22 години успешно професионално работно искуство, од кои 17 години на високи раководни позиции во банкарскиот и осигурителниот сектор, како и во прехранбената индустрија.
Како член на Управниот одбор, Вангеловски ќе раководи со повеќе сектори и служби во Банката. Со неговото назначување, Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје од досегашните три ќе се прошири на четири члена“, соопшти банката.
Можеби ќе ве интересира
ГЕНЕРАЦИЈАТА Z СЕПАК НЕ Е ЗА ФРЛАЊЕ: Има хит систем за штедење од 90-тите и целосно ги отфрли кредитните картички

Левица: „Сагата на железничарите продолжува и со Демири“

ГОДИШНА ПЛАТА ОД 100.000 ДОЛАРИ,ПО ОДБИТОЦИТЕ ПАЃА НА 36.000: Еве колкава е платата во Њујорк

ЕВЕ КОЛКАВА Е ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ЦРНА ГОРА: Повисока е од нашата

ЦЕНИТЕ НА БУДВАНСКАТА РИВИЕРА ВО ПРЕДСЕЗОНА: Комплет лежалки 10 евра, потребни се малку повеќе пари за семејна пица

ГИ ВРАТИЈА ПОЛОВИНА ОД ПАРИТЕ - Кредит Свис отплати 112 милијарди долари ликвидност

КРИЗАТА ГИ „СКАСТРИ“ МИЛИЈАРДЕРИТЕ, РУСКИТЕ СЕ „НАЈОТПОРНИ“ - еве колку луѓе во светот го имаат тоа богатство

СИТЕ ЈА ОЧЕКУВААТ СО НЕТРПЕНИЕ - Министерот Бесими се уште ја крие каматата

АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ ГО ОТВОРИЈА ШАМПАЊСКОТО - Банката пресече: Ќе се дели дивиденда од 34 милиони евра, еве кој колку ќе добие на конто
