Нов директор во МЖ Транспорт, работниците очекуваат исплата на јануарската платa
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2017
На местото на генералниот директор МЖ „Транспосрт“, Никола Костов кој си даде оставка, владата вчера одлучила за В.Д. директор да го назначи Игор Коруноски.
Тој е член на управниот одбор и директор за влеча и одржување на влечни средства. Коруноски е дипломиран машински инженер кој учествувал во изборот и процедурите за набавка на новите возови од Кина. Тој од понеделник почнува да ја врши функцијата, а првиот предизвик со кој ќе се соочи е десетдневниот штрајк на вработените во МЖ „Транспорт“.
Вработените кои и денеска штрајкуваат се надеваат дека Коруноски ќе најде решение за проблемот.
Ако во наредните два дена не ја добијат во целост платата за јануари, се заканија дека ќе го радикализираат протестот со излегување на улиците. Освен плати, тие ќе останат и без здравствено осигурување.
Железничкиот сообраќај во земјава е во застој повеќе од една недела.